Вељко Ражнатовиќ е најголем фан на својата мајка, српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и ги сака сите нејзини песни, но една во него буди посебни емоции.
На една приватна забава, Цеца го земала микрофонот и запеала еден од своите најголеми хитови, „Горе од љубави“, а Вељко штом ја слушна оваа песна направи хаос.
Погледнете:
Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и тројца негови другари беа осудени завчера, со парични казни од Основниот суд во бања Лука за насилничко однесување и предизвикување тепачка.
Тие беа обвинети за тепачка во која бил повреден Петар Золак во април 2017 година на паркингот пред хотелот “Сан” во Лакташи.
Ражнатовиќ, кој до денес не беше никогаш осудуван, е осуден на парична казна од 800 конвертабилни марки. Ако осуденото лице не ја плати потребната сума во следните три месеци, ќе биде осуден на казна затвор и тоа во замена за 100 марки – еден ден затвор.
Казната беше проследена и со признавање на вината на обвинитиот во договор со обвинителството во Бања Лука.
Покрај Ражнатовиќ, заради тепачката осудени се и Милош Еќим (22), исто така со казна од 800 марки, и Немања Ѓуриќ (23) кој исто така ја заработи истата парична казна.
Најсуровната казна од 1.000 марки ја заработи обвинетиот Јован Марјановиќ (22) вработен во Народното собрание на Република Српска.
Обвинителот Татјана Нинковиќ изјави дека Марјановиќ е осуден во согласност со неговата улога во кривичното дело.
Сите обвинети се согласија со договорно признавање на вината со Окружниот јавен обвинител во Бања Лука.