Андреана Чекиќ објави фотографија со кумот Дарко Лазиќ, со кој позирала пред новогодишна елка. Фотографиите предизвикаа лавина коментари, а на нив се гледа дека Дарко одлично заздравува.
Закрепнувањето на Дарко тече во бања, после тешката сообраќајна која ја доживеа на 23 октомври, а со оглед на тоа дека пејачката и тој со години наназад традиционално го честитаат празникот со заедничко селфи, така направија и овојпат.
Нашето традиционално фотографиарње пред елка. Ве сакаме мојот кум и јас, среќни празници и среќна 2019 година – напишала Андреана крај двете фотографии со Дарко, а судејќи по се, таа му ја донела елката.
Ова е едно мало изненанување од нејзе кое треба да го развесели Дарко Лазиќ кој минува низ најтешкиот период во животот.
Како што е познато, кумата Андреана е една од најдобрите и најблиските пријателки на пејачот.