Се запознале на барикадите: Падна првата венчавка на „жолтите елеци“

0

Два “жолти елеци“ се запознаа на барикадите во Франција и послед неколку дена се ванчале. Пред педесетина сватови, “двојката“ ја венчала претседателката на локалниот синдикат, а сите гости носеле “жолти елеци“.

А се започнало на протестите поради најавата за поскапување на горивото, во близината на градот Тарбу. Пријателството прераснало во љубов, а пред неколку дена, на наплатната рампа кај местото Семеак во Високите Пиринеи, помеѓу знамињата на движењето и поставените новогодишни елки на патот, се организирала венчавката.

Како што е редот, невестата било во импровизиран жолт невестински фустан, лицето го прекрила со жолт вел, а на главата носела венец од жолто цвеќе. Младоженецот бил облечен во жолти панталони и јакна во иста боја.

Инаку, за да нивниот брак биде регуларен младите мора да застанат пред вистински матичар.

Претходна статијаОмилената држава за македонската дијаспора: Плата од 2.800 евра, но тоа не е се
Следна статијаФОТО: Кумата со изненадување за Дарко Лазиќ, па се огласи со порака