Работно со максимални ангажмани Марјан Коцев ја заокружува и оваа 2018 година. Особено годинава ќе ја памети по својот голем концерт кој го реализираше Марјан кон крајот на месец март.
-Презадоволен од сето она што се нарече концерт, Марјан Коцев и 23 години од естрада. Наречен беше “Сите мои песни”, немаше некој повод. Тоа го оставам за следната година каде што ќе ме чека една долга и напорна година 2019. Оваа 2018 се закитив со тој концерт, втор солистички . имаше и нешто во овој цел период од концертот и по некоја свирка низ Европа, истакнува Марјан.
Во периодов Марјан се подготвува за својата новогодишна турнеја во далечната Австралија. Поточно за следната година ја најавува својата како што вели музичка мисија, “25 години кариера, 25 концерти низ целиот свет”.
-За новогодишната ноќ ќе биде во Перт заедно со оркестарот “Млада генерација”. Не очекува една тешка година, долга година. 25 концерти мислам дека не е лесно да се организираат. Ќе има доста работа, многу пот. Не се откажуваме, само напред со позитивни средени мисли, додава Марјан.
Притоа Марјан низ неговата австралиска турнеја најавува соработка со бројни бендови кои ги има во голем број низ Австралија. Сите тие ми се многу добри пријатели и другари со кои постојан бележам соработка и покрај тоа што сме далеку, вели Марјан.
Извро: Естрадаплус