Проговори докторот на Дарко Лазиќ: Има многу повреди, ќе биде успех ако застане на патерици

0

Дарко Лазиќ денес е во бањата во Младеновац каде почна со електро терапија, која ќе му помогне што побрзо да застане на нозе. Неговиот лекар, доктор Милош Полексиќ за српски „Блиц“ вели дека Дарко и тоа како е мотивиран пациент, но и дека на лечење бил примен со политраума.

-Она што морам да го кажам е дека Дарко е доста дисциплиниран пациент, ги слуша лекарите и соработува. Морам да нагласам дека Дарко има ист третман како и сите пациенти кои доаѓаат. Колегите од болницата завршија одлична работа, а она по што се разликува од останатите е што дојде со многу повреди, вели докторот и продолжува:

-Одлично се опоравува. Прво ни беше цел да ги вертикализираме носете и телото, а кога тоа го постигнавме, сакаме да застане на патерици. Денес почнавме со оспособување и учење да оди со помагала и тоа ќе биде еден долготраен процес. Мускулите му се атрофирани и поради тоа не можеме да дадеме никаква прогноза, но нашата желба е тој да излезе на патерици, вели докторот. Специјалист од физикална медицина и рехабилитација истакнува дека семејството на Дарко е многу скромно и одлично соработува со лекарите.

-Морам да кажам дека мајка му е постојано со него, како и девојката Марина. Тие се многу љубезни и добри луѓе и сите се тука за соработака, завршува лекарот.

Претходна статија(ВИДЕО) Соња – модната креаторка од Прилеп направи „парче“ на „Никогаш не е доцна“
Следна статијаСнежана Ѓуришиќ првпат јавно проговори за својот син: Ќе се борам против пороците на Марко додека сум жива