Иако одамна не се произведуваат моделите на Застава 101 се многу популарни во Германија од страна на тамошните колекционери. Босанецот Дино Чолиќ е колекционер на југословенски олдтајмери и досега во Германија има увезено околу 70 возила од марката Застава.
Сите се во возна состојба, а најмногу се бара моделот 101. Тој може да се вози и во забранетите зони. Во Германија има сертификат на олдтајмер и така може да влезе и во одредени зони без оглед на тоа што нема соодветен катализатор.
Германците најмногу купуваат 101. Нема проблеми со резервни делови бидејќи некои делови одговараат и од модели на ФИАТ или Фиќо. Mоже да се користат и делови од Yugo, некои делови се исти и со „пеглица“. „Деловите во Германија се поевтини отколку во земјите од бивша СФРЈ“, вели Чолиќ.
Неговата задача е да најде добро сочувани модели и тоа во земјите на бившите Ју републики. Најмногу купува во Словенија. Тие возила се најдобро сочувани и полесно е да се регистрираат во Германија. Целата приказна за Чолиќ и олдтајмерите на застава можете да ј апогледнете во прилогот на Дојче Веле.
Dino Čolić prodaje Zastavine oldtimere u Njemačkoj
Dino Čolić već godinama na njemačkom tržištu prodaje Zastavina vozila koja su sada oldtimeri. Uža specijalnost su mu "stojadini". Svoje ljubimce je nedavno predstavio i na sajmu "RETRO CLASSICS" u Kelnu.
Публикувахте от DW Bosna i Hercegovina в Вторник, 20 ноември 2018 г.