Се разведе српската пејачка – сопругот ja изневерувал со нејзина колешка од естрадата

0

Српската пејачка Андријана Цекиќ се разведе по две години брак од сопругот, а ако се верува на чаршиските муабети, таа не можела да го трпи неговото допишување со други девојки, меѓу кои и Душица Грабовиќ, нејзината колешка.

Откако Андријана дознала дека тој ипишува на Душица, иако таа не му одговарала, таа капка ја прелила чашата и решила да стави точка на бракот.

Парот ги потпиша документите за развод.

Кумата на Дарко Лазиќ, Андреана Чекиќ која пред две годни се омажи за долгогодишното момче Иван Младеновиќ пред две недели сподели тажни вести.

Имено, на својот Фејсбук таа сподели дека се разведува од сопругот после толку години заеднички живот.

„Како да им објаснам на јавноста дека се разведувам, но дека сме добри пријатели и колеги? Драги пријатели, медиуми и соработници. Овојпат сакам да ве информирам, како и секогаш кога има нешто да кажам, Иван и јас пред се имаме долгогодишна професионална соработка, која нема да се прекине по разводот бидејќи и двајцата сме свесни дека сме одличен тим.

Кога ќе погледнеме околу себе и двајцата сме среќни и горди, а што е најважно, двајцата сме пријатели, а тоа е најдобриот облик на љубов. Одлучивме да не даваме изјави.

Ова отворено писмо важи како единствено јавно соопштение и ги замолувам сите медиуми да го почитуваат“ напиша Андреана Чекиќ.

Претходна статијаКејт Мидлтон одговори на гласините за кавгата со Меган Маркл (ВИДЕО)
Следна статијаДино досега има увезено 70 Застава 101 во Германија, му ги купуваат како алва (ВИДЕО)