Кејт Мидлтон одговори на гласините за кавгата со Меган Маркл (ВИДЕО)

0

Извесно време се шпекулира дека двете јатрви на британскиот двор не се во добри односи, па дури и дека нивната нетрпеливост ги скарала принцовите Вилијам и Хари.

Војвотките од Кембриџ, Кејт и од Сасекс, Меган, толку биле скарани, што Меган и Хари ја напуштаат Кенсингтонската палата.

Како причина често се наведува темпераментот на Меган Маркл , како и предрасудите пред доаѓањето на Меган на дворот. Но , се чини дека сите шпекулации се пренапумпани .

Така , при посетата на Лечестер , Кејт , која беше таму за да им изрази почит на жртвите во хеликоптерската несреќа , им одговори на новинарите на неколку прашања , па дури и на она поврзано со бременоста на Меган.

На прашањето дали е возбудена за новиот член во кралското семејство , Кејт рече дека е многу возбудена и дека едвај чека нејзините деца да може да си играат со своите братучеди.

Видеото може да го погледнете на следниот линк.

Од таму медиумите протолкуваа дека изјаваат на Кејт била толку искрена , што паѓаат во вода сите шпекулации за кавга меѓу јатрвите.

Претходна статијаХоливудски актер со потресна исповед: Тригодишниот син ме спаси од пропаст
Следна статијаСе разведе српската пејачка – сопругот ja изневерувал со нејзина колешка од естрадата