Многу ја сакаше, а таа му го фрли прстенот во лице: Саша Поповиќ пред Сузана сакал да ја ожени оваа пејачка (фото)

0

Познато е дека директорот на Гранд продукцијата Саша Поповиќ сега е среќно женет човек кој е во долгогодишен брак со пејачката Сузана Јовановиќ, но пред тоа запросил уште една позната фолк пејачка.

Имено, пред бракот со Сузана, Поповиќ бил маж на глас – успешен, духовит и талентиран па по него лудуваа бројни дами, а и он очигледно не бил имун на нив.

Една од припадничките на естрадното милје, Злата Петровиќ признала дека во дамнешната 1989 година добила брилијантски прстен од Саша која ја запросил.

-Сале многу ме сакаше, долго патеше по мене откако раскинавме… Ме запроси на мојот роденден. Се сеќавам пред сите гости тој извади брилијантски прстен , а јас толку се шокирав што му го фрлив во лице.

Поповиќ е совршен маж, но ме запроси во погрешно време. Бев млада, имав 27 години, а две години пред врската со Поповиќ се бев развела од Хасан Дудиќ“, раскажала пејачката.

Тие двајца и дене денес се во добри односи иако секој живее свој живот.

Сопругата на Саша Поповиќ, директорот на Гранд, со гордост зборува за него, но ретко говори за својот прв брак. Сузана Јовановиќ која е деветнаесет години со Саша, претходно беше во брак од кој го има својот син Даниел.

– Татко е оној кој се грижи за вас, ве сака, ве образува…Сале е се тоа за моето дете. Секогаш вели Даниел е мој син, вели Сузана.

Таа вели дека е среќна што нејзиниот син е на прав пат, што се бори во животот и вели дека не сака да се експонира во јавноста.

– Мили ми е кога ќе слушнам пофалба, не ни сакам да го спомнувам поранешниот сопруг. Моето дете има татко и тоа е Саша, изјави таа.

Претходна статијаКако да се близнаци – Вака изгледа постариот брат на Лепа Брена ФОТО
Следна статијаИ овде во Германија е исто, седнавме четворица во кафана, почнаа муабет ВМРО-СДС и се расипа дружбата