(ФОТО) Дарко Лазиќ како нов: Видно ослабен и насмеан објави прво селфи од бањата

0

Српскиот пејач Дарко Лазиќ денес по повеќе од месец дена излезе од болницата во Земун. Конечно Лазиќ од болница беше пренесен во бања каде ќе продолжи со рехабилитацијата.

Прогнозите на докторите се оптимистички и се наведува дека многу веројатно ќе прооди повторно. Дарко беше пренесен со амбулантно возило во кое беше неговата мајка и пријателот Милјан. Зад нив ги следеше таткото и братот на пејачот со нивен автомобил.

Пријателот и менаџер, Милјан Врачевиќ не одолеа, па направи селфи со Дарко откако ја напушти болницата. На лицето на Дарко може да се забележи препознатливата насмевка која говори повеќе од илјада зборови.

„Благодарам на милиот Бог, здравјето ми се враќа, тоа е мојот брат, тоа е мојот Баца“ напиша Милан на профилот на „Инстаграм“.

Претходна статија(ВИДЕО) Џафери ги смируваше министрите: Сугаре, што ти е бе
Следна статијаПо пишувањата дека е во врска со Пеце, Марјана одговори дали е во блажена состојба