Поранешната водителка на емисии за домашни миленици, долго време молчеше за сите написи кои излегуваа за неа. Но, се чини дека на Мелита и дојдоа преку глава озборувањата, па освен што проговор, во својот статус потенцира дека и во иднина ќе ги коментира сите невистини кои се пишуваат за неа.
“Вака да прашам јавно…дека гледам ај порталите што дигаат рејтинг на мене, обично плукајќи ме, притоа заборавајќи колку труд треба полни 18 години да создаваш емисии, деца израснаа со мене!
Зошто во секој текст се спомнува името на мојот бивши дечко. Дали мислите дека уште реклама му треба? Деца невопечени вчера од улица мене ќе ме пишуваат а не ме познаваат. Епа, јас не сум ограничена и живеам светски, а моите бивши се популарни благодарение на мене.
Се забавувам кога се фотографирам и зошто драма околу секоја моја фотка? Од сега ќе пишувам статуси, ќе кажувам се што мислам и нема да ќутам од култура како досега“ напиша Ракичевиќ на „Инстаграм стори“