Се огласи Игор, синот на Горан Стефановски: Секој знае до каде му е дадено да стаса

Игор, син на драматургот Горан Стефановски, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, по смртта на неговиот татко.

,,Сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча, до каде му е дадено да стаса.” – Конзервирани импресии – напиша Стефановски.

Loading...

Цела Македонија тагува за смртта на 66-годишниот Горан Стефановски.

Македонскиот народен театар преку статус на Фејсбук се прости од Горан Стефановски.

-Замина Горан.

Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации.

Замина кога очекувавме некој нов текст, како што со нетрпение и возбуда секогаш очекувавме дека Горан пишува нешто ново.

Замина, но зад себе остави едно огромно богатство како аманет за сегашните и сите идни генерации како сведоштво за едно време кое веќе го нема, а сè уште е актуелно.

Не, Горан не замина. Великаните остануват за навек.

Нема збогум!

Вечна ти слава маестро!, стои во нивниот статус на Фејсбук.