Сергеј има големо срце: Варошлија богато награди еден свој обожавател – го облече од глава до пети

0

ТВ водителот и моден критичар, Сергеј Варошлија од ден на ден станува се погледан и доста коментиран лик во македонската поширока јавност. Викендот водителот на емисијата „Мода“ повторно воведе иновативност и приреди изненадување за своите верни гледачи и фанови.

Лудилото наречено „Сергеј–Манија“ заврши вчера, недела во трговскиот центар „Сити Мол“. Како и во саботата, така и вчера Сергеј покажа дека има пред се големо срце, а дарбата и талентот за мода не доаѓаат во прашање.

Варошлија дотера од глава до пети еден од многубројните свои обожаватели. Сергеј одбра еден од фановите кој најмногу му фати око, го поведе со себе на шопинг и го скоцка. Среќниот добитник беше Никола од Охрид.

Претходна статијаГо закопале со 60.000 долари: Тоа самиот го побарал за да го подмити Бога за своите гревови
Следна статијаЈанакиески: Пуштете ме да се грижам за семејството, немам врска со бегството на Груевски