Јанакиески: Пуштете ме да се грижам за семејството, немам врска со бегството на Груевски

0

Чекам час поскоро да почне судската постапка за да ја докажам својата невиност. Ве потсетувам дека за време на предистражната постапка, на 13 февруари 2016 година, беа предложени истите мерки за мене и судот ги одби. Оттогаш до денес сум истиот и не сум го сменил своето однесување.

СЈО нека даде доказ дека јас сум ја опструирал постапката. Не сум влијаел на сведоци и немам намера да го сторам тоа. Ветувам дека ќе се јавувам во судот редовно и ќе ја докажам својата невисност, рече Миле Јанакиевски на јавната седница пред Кривичниот совет на апелациските судии.

Одговорно тврдам дека службената белешка од УБК е фингирана и е направена истиот ден кога побегна Никола Груевски, изјави поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје на која се разгледуваат жалбите за мерката притвор.

Јанакиески, исто така, рече дека при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите, конвенциите и човековите права, како и дека СЈО требало да направи проверка со кабинетот на претседателот Иванов и да бидат проверени снимки од безбедносните камери за посетите кај претседателот.

На јавната седница поранешниот министер за транспорт и врски нагласи нема сметки во странство и оти најостро го осудува бегството на Груевски. Побара да му биде дозволено да се грижи за семејството и од слобода да се подготвува за одбрана пред судот.

Обвинителката Лиле Стефановска, пред Апелацискиот суд во Скопје, рече дека решението за определување мерка притвор на Јанакиески е законито, како и дека не може да го задржат од бегство, доколку остане без мерка притвор.

Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбата на Јанакиески за мерката притвор.

Пред Апелација за време на седниците се собра помала група луѓе, во знак на поддршка на притворените. Во Апелација во тек е јавната седница за жалбата на поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски.

Претходна статијаСергеј има големо срце: Варошлија богато награди еден свој обожавател – го облече од глава до пети
Следна статијаПогледнете каква убавица е сопругата на Дејан Матиќ ФОТО