Cе огласи Цане од групата „Елита“ од Шпанија cо ептен јако видео, и покажа по што најмногу жали

0

Минатата година, Игор Џамбазов промовираше една многу оригинална песна која беше голем хит во деведесетите години.

Станува збор за препеаната “Жаклина” која беше снимена уште во мај во 2022 година како џез преработка, објави Свет Австралија. Во спотот, се појавува убавата професорка Татјана Алексиќ.

Цане Николовски (65) е македонски пејач, музичар, флејтист, кој во својата долга кариера бил вокал на групите „Мадригали“, „Гром“ и „Бонтон“.

Николовски, освен што е најмногу познат по новокомпонираниот хит „Жаклина“, испеан со „Елита“, тој мошне добро се снаоѓа и во други жанрови – рок, поп, народни изворни и новокомпонирани песни.

Во неговата биографија стои запишано дека има издадено 37 албуми со народна, поп и музика изведена на флејта.

Десетина година Николовски живее во шпанскиот туристички град Аликанте, а сега пишува дека живее во Санта Пола, како професионален забавувач. Ангажиран е во различни локали и ресторани во градот.

И понатаму музиката му е професионална определба и снима албуми од различни музички жанрови, како и албуми на кои тој изведува музика со флејта.

Николовски првпат почнал да се занимава со музика во рокенрол-групата „Мадригали“, во која е член од 1975 година.

Две години подоцна, на гитаријадата во Заечар, Србија освоиле прва награда од жирито, прва награда од публиката и прва награда на Радио-телевизија Белград.

Она што помладите генерации можеби не го знаат е дека песната „Жаклина” беше првиот турбо фолк хит во Македонија снимен во 1991 год.

Оваа песна ја прослави битолската група “Елита”, а посебно пејачот Цане Николовски кој и ден денес се занимава со музика иако живее во Шпанија.

Своевремено кога од Свет Австралија разговарале со него, со него, тој открил дека групата “Елита” оваа песна последна ја вклучила во албумот и дека ни сами не очекувале таков бум.

Албумот бил распродаден во 30 000 примероци, а песната станала мега хит.

Токму поради самата историја на песната и жанровската препознатливост од оовој медиум исконтактирале со Цане Николовски кои побарале негопво мислење за новата преработка во џез манир и колку тој бил запознат со идејата.

– Да бев запознат, ме прашаа од групата свирачите, поточно басс гитаристот Симеон и тие му ја понудија на Игор откако ја снимија, има скоро година.

Да ти кажам право многу ме бендиса и овде ја пеам и свирам на англиски и инструментал со флејтата.

Само една грешка направија со композиторот, го напишаа Божо хармоникашот, а песната е од група ”Елита”, а не на Божо, додека текстот е на Валентин Соклевски.

Зборувањето на Игор во песната сам си го измисли тоа е Игор ха ха ха”- задоволно прокоментира Цанел кој и под самиот спот напишал “Одлична обработка”.

А Цане сега се огласи на својот Фејсбук профил со едно ептен оригинално видео, на кое тој ја пее песната Жаклина, во една многу интересна, клавирска верзија.

Инаку, тој често објавува слики од него од порано, од времето кога бил пејач во групата „Елита“, и се гледа дека жали по тоа време.

Видеото како Цане ја пее песната „Жаклина“, во новата верзија, можете да го видитe ТУКА

Претходна статијаAвантурист кој не се плаши од опасност- ваков е навистина Сарма од „Сител“ (ФОТО)
Следна статијаАндријана Јаневска, откако ја загуби мајка си, го покажа својот татко, со поcебен повод (ФОТО)