Мартија и Иван од Либеро гушнати испеаја љубовна песна, а во коментари ги прашаа дали се дечко и девојка (ВИДЕО)

0

Мартија Станојковиќ го достигна врвот кога таа го доби второто место со учество на Пинк Ѕвездички во 2016 година.

Истата година ја преставуваше Македонија на детскиот избор за песна на Евровизија кога се пласираше на дванаесеттото место.

Мартија поседува специјална харизма и шарм, кој што таа вели дека го наследила од својата мајка. По социјалните мрежи, Мартија и мајка ѝ често споделуваат фотографии заедно, а поголемиот дел од времето тие го поминуваат во долги разговори. Мартија во неколку наврати има изјавено дека мајка ѝ е нејзината најголема поддршка.

Во една прилика, Мартија рече дека мајка ѝ ги знае сите нејзини тајни и таа и е најголема поддршка. Сепак, тие и не се толку различни ни во физичкиот изглед. Мајката на Мартија има црвена коса, но во ликот се исти како близначки.

-Од мојот професионален живот, најдобар момент од минатата година е тоа што ја извадив песната ,,Не волиш.”

„Не сакам да бидам безобразна и да кажам дека сакам да украдам нечија кариера. Сакам да си создадам своја, оригинална, автентична, сакам луѓето да ме сакаат затоа што сум Мартија, не затоа што сакам да имам нечија кариера“.

Потоа рече дека за оваа година има поставено цели кои сака да ги оствари, но сè уште нема да открие кои се тие.

-Мора да постои живописност за да ти се остварат желбите.

А потоа рече дека за оваа година најважно е да има здравје. М

-Мајка ми ми е поддршка на секое можно ниво, физички, емотивно и ментално. Мајка ми не ми дозволува да летам во облаци, секогаш ме спушта на земја.

Мартија Станојковиќ откри дали имала нешто со фудбалерот Елиф Елмас, со кој се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе:

– Јас Елиф, не го познавав лично во тој момент, и се запознавме случајно во Кино Карпош на кафе, покрај Антониа. Немавме никаква допирна точка.

Тој може само да донесе среќа на Македонија, во неговата кариера, но јас и тој ништо немаме, рече Мартија.

Мартија и Антониа Гиговска се колешки, но и пред сѐ, добри другарки. Антониа и Мартија беа план на неделата кога беа во посета на Белград, по повод промоција на парфем. Кога излегоа на промоцијата, македонските преставнички изгледаа како холивудски ѕвезди, што не беше добро прифатено од страната на нашинците.

Особено, голема улога играа нивните стајлинзи, што според Блиц.рс се пишуваше дека на Мартија ѝ излегла едната гра да, а на Антониа ѝ излегле прстите од сандалите.

,,Мартија носеше зелен фустан со предлабоко деколте, а Антониа ги истакна нозете и стомакот.

Позираа самоуверено како холивудски ѕвезди, но на едната и испаднаа гра дите, а на другата и излегоа прстите од сандалитe”, започна Лазаров кој го прочита натписот на еден сајт.

-Ние сме за во Холивуд, така изгледаме. Не ми испаднаа гра дите, туку само имам длабоко деколте, не се гледа ништо не знам зошто пишуваат глупости, рече Мартија.

-Ама и да се гледа, зошто во цел свет носат деколтиња големи, длабоки деколтиња, може да се гледа било што, на некоја града и искочила несекајќи.

Зошто на пример може Дуа Липа или Рита Ора, зошто ние не можеме? Зошто сме толку ограничени? Зошто не излеземе од таа комфорт зона, не разбирам?, изјави Антониа.

Добро е познато дека пејачката Антониа беше во долгодишна врска со пејачот од Либеро, Иван Јованов, за кој цела естрада знаеше за нив. Тие многу ги изненадија сите, откога објавија дека повеќе не се заедно. Набрзо, Антониа објави дека е трудна со пејачот Роберт Спасенцовски или познат како Џокер.

Оттогаш, Мартија почна редовно да настапува со Иван, па почнаа да се шират шпекулации дека тие се во љубовна врска. Иван во една прилика рече дека пред да настапува во Интермецо, каде што често има настапи, му рекле да најде некоја пејачка, па тој ја викнал Мартија и оттогаш изгледа добро функционираат на сцена, па затоа постојано настапуваат заедно.

Мартија во една прилика ги демантираше овие наводи дека е заедно со Иван и рече дека имаат чисто пријателски и колегијален однос. Иван на својот Инстаграм профил објави видео како повторно настапува со Мартија. На видеото се гледа дека тие двајца се многу доближени и пејат со многу емоции.

Тие ја испеаја познатата љубовна песна „Aко е до мене.“ Навистина нивната изведба беше спектакуларна, а на сцена Иван и Мартија изгледаат како вистински ѕвезди. Сепак, во коментарите, многумина се прашуваа дали парот е заедно и се пишуваше:

„Девојка ти е? Прекрасна е Мартија..“ и „Не знам кое е девојчево ама многу сте ми пар.“

Досега, Иван и Мартија немаат ништо изјавено, но според тоа претходно што го кажале тие се само пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jovanov_ivan

Претходна статијаВерица Шерифовиќ покажа што прави Марија за неа, платила 100 евра за карти, да ѝ ја исполни желбата на мајка си (ВИДЕО)
Следна статијаМиа Костова одговори кој е таткото на нејзиниот син: Еден презгоден дечко од 2 метра, личи на Андрија