Новиот дечко на Данијела Маpтиновиќ, Јосип, има ќеpка од пpетходниот брак, еве што рече сега Данијела за неа

0

Данијела Мартиновиќ е доказ дека вистинските работи секогаш доаѓаат во вистински момент. Пејачката зад себе го остави тешкиот период по раскинувањето со Петар Грашо, а во новата љубов ужива со криминалниот инспектор Јосип Плавиќ.

Животот неодамна ѝ приреди вистинско изненадување кога во нејзиниот живот влезе криминалниот инспектор, Јосип Плавиќ.

„Воопшто не го очекував, апсолутно сум среќна и не размислував како може да се случи.

Животот е толку прекрасен што треба да се фрлиш во неговата прегратка и јас сум позната по тоа што ми се допаѓа да се фрлам во животната прегратка

и потоа да тој да ми врати со најтесната прегратка што можете да ја замислите“, изјави пејачката за „Вечерњи.хр“ и откри дека и нејзиниот партнер е музичар.

„Пишуваше песни, не пишува веќе многу години, но музиката е составен дел од неговиот живот. Не беше целосно запознаен со мојата работа, но сега се шегуваме со тоа и се надополнуваме.

Би била среќна да ја разбуди кај него желбата да создава песни, а би сакала и заедно да направиме песна“, изјави Данијела која неодамна откри како го запознала Јосип.

„Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокатот поднесе пријава за кражба на идентитет во мое име преку Интернет.

Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива.

Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа“, искрено изјави Данијела за „Gloria.hr“. и призна дека ужива во овој период од животот.

„Има институции и правила, но секогаш постои личност, онаа, која ќе ни подаде рака и поради која животот ќе ни оди во сосема друга насока. Навистина сум среќна, нема што да додадам или одземам“, изјавила таа за хрватските медиуми.

Имено, таа во 2014 година за ИН Магазин изјави дека најголема желба и е таа и Петар да станат родители и дека разговарале за имиња за деца.

– Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве, навистина се надеваме дека многу брзо ќе се радуваме на таква убава вест.

Синот ќе биде Тони, се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, или Лус, интересно, тие се сосема дијаметрално различни, па можеби луѓето ќе се изненадат.

Мојата покојна баба беше Луце, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи „зора“, исто така ми е двосмислено, убаво и необично име, а сепак блиско и различно од нас – изјави Даниела пред осум години.

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ во една прилика кога имаше настап во Струмица објави фотографии и откри дека фустанот кој го носела е 10 години стар, а го носела повеќепати, бидејќи најубавите работи немаат цена како што напиша таа.

-Посебните фустани ги чувам… овој го купив пред повеќе од 10 години и го носев повеќе пати… најубавите работи немаат цена, баш како и оваа прегратка која е непроценлива – напиша пејачката покрај фотките, пишува Женски Магазин.

Данијела во последното интервју го коментираше и изгледот на своето момче, Јосип и проговори за неговата ќерка од претходниот брак.

„Јосип не возел мотор долги години. Рокот е неговиот начин на живот, а неговиот изглед е нешто сосема природно и мислам дека добро му одговара. Вози мотор со четири тркала бидејќи ја сака природата.

Ние двајцата ги сакаме авантурите со овој побезбеден мотор. Сепак, тој би си дозволил едно возење на мотор со две тркала, но без премногу адреналин. Повеќе како турист. Внимателен е“, изјави за „24 сата.хр“ пејачката која ја запознала ќерката на Јосип и проговорила дали се прилагодиле една на друга:

„Ќерката на Јосип е прекрасна девојка која студира ликовна уметност и графички дизајн во странство. Талентирана е и верувам дека ѝ претстои меѓународна кариера”, открила таа за споменатите медиуми.

Претходна статијаТамара откри новости за својот живот- се збогувала со ова нешто, а откри и од што најмногу се плаши
Следна статијаНашата најзгодна инфлуенсерка, Агнеса е поетска душа: Напиша нешто што е многу точно во љубовта (ФОТО)