Јордан Митев покажа каков бренд е неговото име во дијаспората (ФОТО)

0

Пејачот Јордан Митев по своето средно образование продолжил на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.

Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.

Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија.

-За овие години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.

Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач.

Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.

Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудeл да бидам оригинален.

Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.

Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.

Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.

Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато.

На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.

Во една прилика, Митев раскажа вистинска случка за неговата мајка. „Колку вреди човечкиот живот?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност… За жал.

Пред неколку години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пи јано докторче со својата кола, ги под бира и двајцата од тротоарот.

Ги уд ира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот. Среќа останаа живи.

Мајка ми со скр шена рака, роднината со скр шена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми.

Без грам доблест и одговорност, се криеја сѐ додека поли цијата не докажа со силни докази дека вистина тој го има направено делото. На крај, ѝ дадоа некоја минимална ош тета колку да не биде без ништо.

А, докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со три месеци ка зна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одл еже. На нас само дебели каз ни, да ни дојде паметот.

Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме сѐ што треба, па нормално, таму нема „убав на мајка”, Си направил пре кршок, ќе одговараш и ќе си платиш“, напиша Митев на Фејс.

Јордан Митев во неколку наврати има покажано дека трудот секогаш на крајот се исплати, без разлика колку долго време ќе треба да се стигне до целта. Јордан е пример дека секогаш треба да си го следиме срцето, и ќе стигнеме онаму каде што не сме ни помислувале, на некое многу подобро место.

Јордан во една од неговите последни објави на Фејс напиша дека веќе неговото име се смета за бренд, по тоа што го објави:

„Убаво е чувството кога некаде во светот на некоја полица со многу музика и многу имиња, ќе се прочиташ себе си. Тогаш си велиш, добро е, трудот не бил за бадијала.“

Претходна статијаЦеца откри емотивна приказна за Вељко- му pеков, плачи си сине
Следна статијаПознат бизнисмен кој бил 30 години постаp од Илда, за малку ќе му станел зет на Шабан Шаулиќ, еве зошто му раскинала