Нашата позмата пејачка Антониа Гиговска гостуваше во Подкастот „Тоа е тоа“ кој се емитува на Јутјуб а водител, кој е инаку актер е Жарко Спасовски.
Тој меѓудругото ја прашуваше за Евровизијата со Тамара, за Пинк ѕвездички, а ја праша и дали ги чита лошите коментари за неа на социјалните мрежи, а таа одговори:
-Уф, па кој не ги чита… Читам се, само што не обрнувам многу внимание на тоа што мислам дека не треба да обрнам внимание. Допира, како да не. Има и некои коментари коишто се баш грозни, од вратни.
И јас го имам кажано тоа во едно интервју, се додека не ми ја в реѓаат фамилијата е супер.
Кога ќе почне некој да ми вреѓа фамилија тоа многу ме боли, и не сакам да е тоа така, затоа што јас сум Антониа а они се моја поддршка, мајката и таткото на Антониа и братот на Антониа.
Они се тука да ме поддржуваат и така ќе остане и во добро и лошо. Не сакам никој да збори и да пишува лоши коментари за нив. Имало такви моменти, и тоа баш ме пов редило.
Имало моменти каде што имав 33 кила плус отколку што имам сега..
Имало моменти каде што сум читала коментари, еве ја оваа де бела, гна сна, св иња… Јас во тој момент сум се сакала таква, сум се прифатила таква, но не значи дека тоа ќе остане така.
Ако јас мислам дека треба да го сменам тоа, односно да имам 33 кила помалце, јас ќе го направам тоа.
Нема потреба од такви коментари. А нон стоп гледам, и по Фејсбук.
Рeтко, ретко отварам Фејсбук, ама секогаш кога ќе отворам, ми излегува некоја статија од некој портал“, рече Антониа Гиговска.
– Кога може една Дуа Липа да облече топче коешто изгледа на пр слук, можам и јас, може и Мартија, може и Лина.
Сите гледаат што се прави по светот, а кога ќе облечам јас, ее, еве ја оваа. Ќе постирам некое видео кај што играм нешто, коешто е малку попровокативно.
И одма коментари: Еј, види ја оваа. Имам една слика пред да ослабам, у лето ја имам ставено сликата, и сум во бикини, на одмор.
Таква слика има и Дуа Липа, ама за Дуа Липа нема ништо да кажат. И таа слика има 5.000 препраќања“, рече Антониа и додаде дека таа успеала во музиката и по тоа сака да е препознатлива.
Антониа Гиговска во јанаури со своите фанови сподели две радосни вести во исто време.
Имено таа и нејзиниот избраник ќе станат родители, а токму на нејзиниот роденден тој ја побарал и нејзината рака на романтично патување на Копаоник – Србија.
Пејачката на својот инстаграм профил сподели повеќе фотографии на кој е насмеана а во рацете држи слики од ултразвук на бебето.
Исто така сподели и фотографија од прстенот со кој избраникот ја побарал, како и фотографија од него иако не го означила на фотографијата.
Антониа со новите слики на Инста покажа како изгледа сега, и што добила од саканиот Роберт за Осми март. Таа позираше во својот автомобил, го покажа трудничкото стомаче и напиша:
– Среќен 8-ми Март на сите девојки и жени. Бидете здрави, живи и секогаш насмеани. Посебни сте во секоја смисла на зборот“, стои во описот на овие слики.
А Антониа изгледа супер во бременоста, а покажа и што добила од Роберт, а тоа е цвеќе- ружа, со која позираше на оваа објава.