Откако пак е сингл, Игор Џамбазов искрено кажа што го фасцинира кај жените- уште една интересна изјава од познатиот актер

0

Игор Џамбазов во последно време, постојано споделува статуси и текстови од својата внука, Марија Пличкова.

Марија Прличкова – Маци е правнука на познатиот и истакнат македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо.

На интимна церемонија, Марија и нејзиниот избраник Емил Нешовски ја озаконија седумгодишната љубовна врска,, минатата година.

Младенците и нивните семејства организираа мала веселба во еден познат скопски ресторан.

„По 7 години кажавме ДА“ – напиша Марија во описот на фотографиите од свадбената веселба.

Марија и Емил се погрижиле за сите детали околу прославата за нивните семејства и гости да уживаат максимално на нивниот најсреќен ден.

Невестата заблеска во елегантен фустан во бежова нијанса кој ја следеше нејзината силуета, а изгледот го надополни со бисерно венче и елегантни потпетици.

Марија е истакната млада писателка, автор на романот „Марла“, а особено е активна на социјалните мрежи, каде отворено говори за бројни теми од секојдневниот живот кои ги засегаат младите.

Меѓу гостите секако беше и Игор Џамбазов, кој притоа им беше кум на младите. „Денес ја омажив внучката… Најдесно е зетчето Emil Nesovski , до него невевчето, Марија Прличкова-Маци. Плус Iskra Spark и јас, двете старосватици…

Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!!“, напиша Игор минатата година.

– Не сме свесни колку понекогаш ги пов редуваме другите, блиските. Кога тоа ќе го сфатиме тогаш најчесто е веќе доцна. Во животот некогаш ми се случува сите работи да ги правам наеднаш и тоа не секогаш излегува на добро.

Сега кога веќе сум созреан како личност и кога се помалку премрежија имам во себе и зад себе, со сопствените обврски справувам многу полесно.

Младиве генерации се плашат да кажуваат убави работи, а притоа четири пати ќе опцујат или ќе „истрачарат“ некого.

За жал, нивните емоции како да се емотикони, оние што ги има во телефоните – раскажува Џамбазов во едно интервју за Слободен печат.

– Тие негативни чувства се обидов да ги претворам во нешто позитивно, нешто вредно. Седнав и почнав да пишувам. И тоа се покажа како најдобрата можна терапија. И што е најважно…делува.

Па и денес, кога тие негативни чувства ги има во сосема нормални, подносливи дози, јас сум мирен, затоа што ја имам терапијата во сопствената глава“, раскажал Игор за Фактор во една прилика.

Игор на Инста стори споделил негов цитат, и во него искрено кажува што е она што го фасцинира кај жените, а интересно е дека се прочита сега, откако Игор е пак сингл.

-Жени, мене ме импресионира вашата упоност, Она што ќе го намислите, не сте мирни додека не го остварите.

Иако, понекогаш знаете дека тоа е погрешно. Но, тоа ми се допаѓа. Тоа е филм, тоа е став!“, стои во цитатот на Игор.

Претходна статијаАнтониа Гиговска покажа како изгледа сега и што добила за 8-ми март од Роберт
Следна статијаПо подолго време се огласи Цули Софијанова – објави слика со еден од најпознатите пејачи на Балканот (ФОТО)