Слоба доби син, а еве каква бpyтална порака упати неговата бивша -Кија Коцкар

0

Пејачот Слоба Радановиќ организираше гала прослава во еден ресторан во главниот град Белград, по повод раѓањето на неговиот првороден син Дамјан.

Меѓу првите на прославата дојдоа Бора Сантана со нејзината девојка Милица Кемез, боксерот Дарко Стошиќ, фолк пејачката Станојка Митровиќ Чана во друштво на нејзиниот син Аца Живановиќ, кој на многумина им е познат по врската со Тамара Ѓуриќ.

Малку подоцна во лежерно издание се појави и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Меѓу гостите се појави и пејачот Мирко Пајчин, попознат како Баја Мали Книнџа, придружуван од сопругата Јелена.

Слоба беше највесел и во неколку наврати се фаќаше до микрофонот и ги пееше и своите и песните на колегите. Радановиќ со патриотски песни го прослави раѓањето на својот прв син.

Имено, додека меѓу гостите беа пријателите на Слоба од Косово, пејачот ја отпеа песната на Миломир Миљаниќ, Миљан, симболично насловена „Сине мој“.

Да потсетиме, Јелена Радановиќ од првиот брак има два сина, додека на Слоби ова му е прво дете, а на својот наследник го крстија Дамјан, што има посебно значење.

Сите со нетрпение ја очекуваа реакцијата на Кија Коцкар, неговата поранешна сопруга, која јавно ја изневеруваше во првата сезона на „Задруга“.

Видеото кое Кристина вчера го објави на свое инстаграм стори крена голема прашина, а сите се прашуваат дали индиректно одговорила, веројатно, на голем број пораки и прашања кои ги добива од завчера.

– Жените треба да им кажат на сите да се одј…. Уморни од тоа што ве судат затоа што избравте да имате деца или не, да имате деца и да се вратите на работа, да имате деца и да не се враќате на работа, да бидете премногу слаби, предебели, премногу неамбициозни, премногу жешки, недоволно жешки или само се осмелуваат да бидат живи.

Жените се под стрес дека секој може да си замине, кој и да ги ев е – гласеше пораката која Кија Коцкар ја сподели на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Слоба пред припадниците на седмата сила откри дали некоја од неговите поранешни девојки му честитала на синот, на што тој одговори кратко и јасно.

– Не знам дали бившите ми честитаа. НЕ обрнав внимание, ако честитаа – фала им. Добив планина од пораки.

Претходна статијаБосанац пoлудe, Марија Шерифовиќ ифрит лута на Мили- невообичаени случувања во „Ѕвездите на Гранд“
Следна статијаВане Марковски откри каков домаќин е и како знае да штеди- реткост во денешно време