Карлеуша: Шоуто Звездите на Гранд ќе се гаcи, а еве што ќе биде со жиpито -веднаш се огласи и Саша Поповиќ!

0

Најголемото музичко шоу во регионот и оваа сезона ќе ве разигра и разнежни во добропознатиот термин за вистинско опуштање и уживање.

Талентите од целиот регион ќе ги покажат своите вокални способности на грандиозната Грандова сцена, а покрај тоа што ќе треба да ја придобијат наклонетоста на публиката, идните ѕвезди на Гранд прво ќе треба да ги освојат симпатиите на жирито.

Жирито и оваа сезона го сочинуваат најголемите балкански ѕвезди кои ќе ви приредат вечери за паметење со нивните уникатни дискусии и хумор, кои допрва ќе ве оставаат без здив.

Ана Бекута, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид се дел од провереното стручно жири, а продукциското жири и годинава е предводено од Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ – Мили.

Нивната задача и овој пат нема да биде воопшто лесна затоа што за учество во најгледаното шоу се пријавија неколку илјади кандидати од сите земји во регионот.

Да се избере најдобриот е навистина голем предизвик не само за нив, туку и за целата публика. А во таа потрага, и оваа сезона ќе нè води шармантната и добропозната водителска двојка.

Јелена Карлеуша не престанува да ја коментира Звезде Гранда, а не престанува ниту жирито на споменатото натпреварување, па сега на својот Инстаграм профил напиша „пророштво“, кое според неа ќе им се случи на Саша Поповиќ и членовите на жирито.

1. Звезде Гранда ќе згасне. Жељко Митровиќ, принуден од лошиот рејтинг, ќе ги префрли во вторник на ноќниот простор од 2 до 5 часот, а потоа целосно ќе ги откаже.

2. United Media која го купи „Гранд“ ќе го тужи Саша Поповиќ за милионска отштета поради 100% пад на рејтингот.

3. Саша Поповиќ трајно ќе се пресели во Опатија. Таму ќе купи нов брод кој ќе заплови едно утро и потоа ќе биде виден за последен пат. Локалните жители ќе зборуваат за опседнат брод кој ги ужаснува туристите.

3. Вики ќе плати некој да и ја напише книгата „Како седев до ЈК“. Од продажба ќе живее скромно во небитност до крајот на животот.

4. Марија ќе роди бебе и ќе ја продолжи својата музичка кариера.

5. Ѓорѓе Давид ќе биде жртва на група граѓани кои ќе го чекаат пред влезот, револтирани од неговото постоење. Тие на судењето ќе бидат ослободени, а потоа и наградени.

6. Цеца ќе се пресели во „Задруга“ со „децата“ и ќе биде договорно обврзана да не зборува.

7. Ана Бекута ќе продолжи со својата блескава кариера.

8. Мили, Босанац и Снежана ќе продолжат да седат во „Ѕвезда Гранда“ затоа што никој нема да им каже дека одамна не се емитува.

Иако ретко обрнува внимание на прозивката на Јелена, Саша Поповиќ овој пат имаше подготвен одговор за неа.

-Бидејќи нè спомнува одвреме-навреме, ми се чини дека на Јелена навистина и недостигаме. Очигледно ѝ недостига популарноста што ја носи Звезде Гранда, бидејќи знае дека нашиот рејтинг е недостижен! Не е лесно кога не си во најгледаното шоу во регионот – изјави Саша Поповиќ за Курир.

А, на прозивката на Јелена одговори и Александар Милиќ Мили, кого и таа го задеваше.

– Таа е талентирана за пишување бајки. Бројките секоја сабота покажуваат реални бројки – изјави Мили за Курир.

Претходна статијаИрена Спасовска никогаш поискрена: „Ако ми даде 100 евра да си одам на масажичка нормално дека лицето ќе ми блеска“
Следна статијаЌерката на Џеј си ја отвори душата на годишнината од неговиот помен: Само овoj пејач не го заборави тато!