Сања Кужет објави слика без шминка и ги изненади сите – Ова никој не го очекуваше! ФОТО

0

Вели дека никогаш не играла на карта на убавина за да добие нешто во животот. Има 36 години, два сина од кои вториот со маж со кој била во врска во 20-тите години од животот и се смета за права Југословенка.

Сања Кужет е една од најшармантните и најхарзиматични српски водителки, а во регионот стана позната како водителка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таа е препознатлива по својата убавина, професионалност, спонтаност, насмевка и витка линија.

Инаку, својата кариера Сања ја започна како презентерка на временска прогноза, а им носеше „среќа“ на гледачите и на наградната игра „Бинго“.

Родена е на 9-ти август 1983 година во Белград, а за себе сака да каже дека е вистина Југословенка, затоа што татко ѝ е од Далмација, а мајка ѝ од Црна Гора. Има сестра која е една година постара од неа.

Посетувала часови по балет и клавир, а се занимавала и со манакенство. Студирала да стане професорка по географија, но ги напуштила студиите поради желбата да биде водителка. На 21 година го добила првиот ангажман.

Има два сина Андрија и Страхиња, а за свое трето бебе го смета својот миленик, кученце од расата Малтезер по име Тодор.

Водителката пред неколку години проговори за поранешниот сопруг.

-Се дружевме две години, а тогаш се заљубивме и венчавме, добивме дете, се разведовме, а и понатаму останавме во иста фирма… Зоран и јас по една година брак се разведовме.

Можеби некому тоа ќе изгледа смешно, но кај нас се беспрекорно функционира поради детето и сакаме таа комуникација да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше суета, вели водителката.

Водителката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет важи за една од најубавите и најзгодните дами на српската јавна сцена. Кога ги поздравува гледачите на телевизија, таа е секогаш убаво облечена и ги плени сите со својот изглед.

Сепак, далеку од камерите, водителката слободното време го поминува во природна состојба, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објави денеска на својот Инстаграм профил.

Сања тогаш рекреативно играше тенис, а во таа прилика немаше фризура, немаше шминка на лицето, па дури и беше испотена.

Фотографијата повторно се појави на социјалните мрежи и сите ја коментираа нејзината природна убавина.

Претходна статијаОВА НИКОГАШ НЕ E ВИДЕНО ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: Натпреварувачот на сцената го дозна ПОЛОТ ​​НА ДЕТЕТО, не можеше да ги запре СОЛЗИТЕ
Следна статијаВодителката Милена фати микрофон – спиеш ли мирно Пријовичке? (ФОТО)