Јелена Перчин шокира: Вистина е, јас и Момчило се разведуваме!

0

Актерот Момчило Оташевиќ ја освои публиката ширум регионот со своите улоги, но и со својот шарм, а особено е интересна неговата љубовна приказна со девет години постарата колешка.

Оташевиќ има две деца (ќерката Маша и синот Јакша, а таа има и уште една ќерка Лота од претходниот брак) со Јелена Перчин, а сега во интервју за хрватските медиуми изјави дека ниту еден од нив не ни помислил дека ќе завршат заедно.

Момчило и Јелена се запознале на снимањето на серијата „Дубровничка зора“, а на прашањето дали можел да замисли дека овој проект ќе му донесе љубов, брак и деца, актерот рекол:

– Не. Никогаш. Ниту јас, ниту Јелена. Тоа се случи. Ја запознав кога дојдов на кастингот. Јелена праша на која возраст сум. Велам 90-то годиште, а таа ја прашува продуцентката Јелена Вељача дали е шега.

Подоцна ме покани на кафе да разговараме за снимањето, работевме, бевме одлични партнери, пријатели, но некој тогаш да ми кажеше дека ќе се заљубиме, дека ќе останам во Загреб, ќе живеам овде, немаше да му верувам. – изјави актерот за „24сата.хр“.

Кога станува збор за работата, актерот искрено вели дека е многу самокритичен, и дека ретко се случува да биде целосно задоволен од сработеното.

– Како гледач ретко ми се допаѓа мојата работа. Секогаш наоѓам милион маани и проблеми. За среќа, сапуниците се единствениот формат во кој сè може да се поправи. Од 22 години ги сфаќам како генијален тренинг. Ме подготвуваа за секој проект. Нема поправки за филмот, тоа што си го снимал, си го снимал. А во театарот, кој ми е омилен, играш и чао. Тоа е тоа. Во тој момент, вистина, ја даваш сета своја сила, крв и месо и оставаш публиката да суди. Нема поправки – заклучува Оташевиќ.

Момчило Оташевиќ и Јелена Перчин ставија крај на бракот, пренесува Gloria.hr. Загрепската актерка во интервју за весникот откри дека се разведува од девет години помладиот сопруг, со што стави крај на неколкумесечните шпекулации.

На новинарско прашање како се чувствува за разводот со Момчило Оташевиќ, актерката одговори:

– Тешко прашање. Тоа е тешко. Глупаво ми е да лажам. Се разделуваме. Секогаш се трудев да не зборувам за мојата интимност, не зборував за свадбата, па нема да зборувам ниту за разводот. Секој развод е ужасен.

Страшен настан и страшен период. Се концентрирам на тоа да бидам што е можно присутна и сталожена заради децата – рече Јелена и додаде дека добила огромна поддршка од нејзините пријатели, а потоа раскажа дали се плаши:

– Се плашам само од болест. Доживеав многу во животот, многу екстремни ситуации и научив дека можеш да преживееш. Во мојата глава е дека се додека сум здрав и имам две раце и нозе, ќе биде во ред. Ќе можам да направам нешто – истакна Јелена и објасни што научила за љубовта преку ова искуство:

– Љубовта е ужасно непредвидлива. Сè уште не сум доживеала вистиснк љубов. Имено, се додека егото е посилно од емоцијата, мислам дека тоа не е љубов туку илузија на љубов.

Не се оддалечив од ниту една моја врска без да се дадам до крај. Тоа го прави уште поболно, но не можам да сторам ништо друго. Тоа е лотарија и јас најмногу изгубив.

Да потсетиме, Момчило и Јелена се венчаа во 2018 година, а добија две деца, ќерката Маша и синот Јакша.

Претходна статијаПоследната песна на Зоран Калезиќ која и ја посвети на сопругата крие голема тајна: Нивната љубовна приказна ќе ве остави без зборови (ВИДЕО)
Следна статијаМногу го сакаат во Австралија – наша позната пејачка објави стара слика со Зоран Ванев (ФОТО)