Последната песна на Зоран Калезиќ која и ја посвети на сопругата крие голема тајна: Нивната љубовна приказна ќе ве остави без зборови (ВИДЕО)

0

Пејачот Зоран Калезиќ почина денеска на 73-годишна возраст по долга борба со опасната болест. Оваа вест го потресе целиот регион, кој со трогателни пораки се прости од познатиот пејач.

Калезиќ е роден на 1 февруари 1950 година во Даниловград, Црна Гора. За време на неговата кариера, која траеше неколку децении, тој продаде повеќе од 15 милиони копии на плочи и дискови.

Шест години беше претседател на Здружението на естрадни уметници и изведувачи на Србија. Снимил голем број традиционални црногорски песни како и песни компонирани во духот на црногорската традиција.

Со концерт во белградскиот „Сава-центар“ во 2016 година одбележа педесет години работа.

Со сопругата Ирена, Калезиќ има син и ќерка.

Иако Зоран долго време се бореше со ракот на белите дробови и одеше на терапија, во тој период успеа да сними уште еден албум и да организира промоција на која собра бројни колеги.

Тогаш особено истакна дека е исклучително горд на песната „За Ирена“ која ја посвети на сопругата и на својата љубов.

– Ова не е само приказна за мојата Ирена, која сега ми дава најголема сила. Тоа е искрена, човечка, општа приказна за суштината, а тоа е љубовта. Немаше ни трошка желба да ја импресионирам, ниту некоја друга личност. Сепак, тоа се покажа како една од најубавите интерпретации во мојата кариера.

Го чувствувам длабоко, го носам во себе, тоа е дел од мене. Нашата љубов која растеше и расте и во ова искушение, нашите приказни покрај каминот со чаша вино, тоа е нашето најголемо богатство. Децата се на други страни на светот, сите доаѓаат и си одат… Што би правел сега да ја немав, Ирена моја? – рече покојниот пејач.

Зоран со многу љубов и нежност зборуваше за својата сопруга, а потоа за медиумите откри како тие двајца се запознале и се заљубиле.

– Со Ирена сме долго време заедно, по невремето во животот налетав на топла, скромна и тивка жена. Само таа можеше да ме разбере и прифати таков каков што сум, истрошен од животот. Јас не сум личност која многу бара, препознав добра личност во неа и видов наклонетост.

Тоа беше кулминацијата што доведе до венчавката. Жената е среќна кога ќе стане сопруга на мажот што го сака – изјави тогаш Зоран.

Покојниот пејач потоа и призна на публиката како настанала оваа љубовна балада, а таа приказна допре многу срца.

– Идејата да ја создадам таа песна не беше моја, туку на една госпоѓа, Наталија Преочанин Самарџиќ, која го напиша мојот евергрин „Што ќе ми направи виното и циганската песна“. Кога слушна дека сум болен, заедно со мојот кум, ми донесе некои работи кои ќе ми помогнат во оваа борба.

Ми кажа дека сум ја прославил и дека ја следи мојата љубов со Ирена. Таа додаде дека пишува песна за тоа и побара мое мислење. Се согласив, но да додадам нешто мое. Таа користеше метафори, а јас ги кажав деталите кога ја запознав Ирена – изјави Калезиќ летово.

Претходна статијаНаместо сопругата Ленче, Горан на полноќ прв и честиташе на друга колешка: „Ја прекршивме традицијата“
Следна статијаЈелена Перчин шокира: Вистина е, јас и Момчило се разведуваме!