Проговори готвачката на Чолиќ, раскажа досега необјавени детали за славниот пејач – еве која му била омилена храна

0

Има 71 година, но се уште е омилен лик на Балканот. А како и не би бил, кога трае речиси 50 години на естрадата, а гласот му е како во младоста.

Во едно интервју, тој зборуваше за жените кои го сочинуваат најголемиот дел од неговата публика, но и за неговата сопруга Александра, со која е во брак 20 години.

– Мојот главен адут е енергијата што се обидувам да ја пренесам со мојот глас и некои лични изрази.

Тоа е најважно, а има толку убави и згодни мажи со мускули колку што сакате – рече Здравко Чолиќ, а потоа разговараше за неговата венчавка со сопругата Александар.

– Двајцата потполно спонтано се венчавме на Први мај. Сите мислеа дека тоа е скриена камера затоа што отидовме на првомајска свеченост.

Ние сме во врска веќе подолго време, па тоа беше џа или бу. За да трае врската или бракот, мора да постои почит и пријателство – рече Чолиќ за „Стори“.

Покрај тоа што секогаш бил омилен пејач, Чолиќ имал и неколку незгодни ситуации со својата публика.

Имено, тој откри дека за време на еден настап жена од публиката ја нападнала неговата сопруга Александра.

Се претпоставува дека тоа е една од причините зошто Чолиќ речиси никогаш не се појавува во јавноста со сопругата со која има две ќерки.

– Сум поминал и доживеав многу во животот. Еднаш обожавателка ја нап адна мојата сопруга со нож и и го расече лицето. Сандра се тргна, но оваа малку ја закачи, за среќа без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште го паметам до ден-денес.

Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип и верувам дека сопругата и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста – изјави Чола во едно интервју.

Тој објасни дека во овој случај среќата била што неговата законска сопруга не била љубоморна, па драмата брзо завршила:

– Мојата сопруга реагираше соодветно. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно влијае на неа. Таа го доживува како добро и убаво, како нешто што претставува дел од мене.

Славниот пејач е посветен на своето семејство, и тој го користи секој слободен момент да ужива во зеленилото на мирната област во која живее.

Тој сака да се релаксира со чаша вино и добар разговор, а соседите го опишуваат како вистински господин и домаќин.

Една од најголемите балкански sвезди, живее со сопругата Александар и ќерките Уна и Лара во елитниот, но и мирен дел од Белград, и тој се обидува да ја зачува приватноста на семејството во луксузната вила.

Пејачот Здравко Чолиќ ретко го гледаме на други јавни места освен на концерт, а семејниот живот го држи подалеку од јавноста, поради што е интригантен.

За сето тоа, ни помалку ни повеќе, раскажа Сандра Ѓуретиќ, поранешната готвачка на пејачот, која пред неколку години имала можност да му готви храна во ресторан со национална кујна, кој често го посетувал.

Сандра денес има свој блог, а вистински српски специјалитети претходно, меѓу другото, му подготвувала и на Чола, кој често бил гостин или нарачувал храна.

Работела во позната белградска кафана, а каков е Чолиќ сега дознала во неговите неформални јавни настапи.

– Секогаш нарачуваше домашно приготвени јадења кои беа на менито на ресторанот тој ден. Сакаше домашни лепчиња и лебови што ги месев. Често доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе.

Бидејќи беше ресторан со национална кујна, немаше модерни колачи, но направивме вистинска мрзлива пита, кремпитаси што ги правеа нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сакаше – изјавила таа.

Да потсетиме, Чолиќ и неговото семејство имаат огромна куќа на Кошутњак, а неговата постара ќерка Уна во последните години стана многу интересна за јавноста. Додека сопругата на Здравко никогаш не се појавува во јавноста, Уна Чолиќ постојано е во медиумите.

Претходна статијаДанела почнува да пушта пријави: Не може скопјани да трпат, поради некои кои прават пари
Следна статијаТажната приказна на Неџат: Ѓубреџии отсабајле ме вадеа од контејнери каде што спиев (ВИДЕО)