Прават жени селфи во тоалет, но никоја не изгледа вака- фолкерката Сани се надмина себеси (ФОТО)

0

Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби е секогаш интересна за јавноста. Пред неколку години, таа долг период престојуваше во Швајцарија.

Причина за тоа, како што тогаш тврдеа многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци. Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед.

Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.

По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив. Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.

“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рече Сања тогаш за медиумите.

Во еднно интервју неодамна, Сања доби прашање: која фолкерка е на врвот на македонската фолк-сцена, дали е тоа Сузана Гавазова или Елена Велевска. Според тебе која го заслужува пехарот?

– Секоја е добра на свој начин. Сепак, мислам дека јас сум на врвот, па десет места празни, па се останато. (ха, ха, ха), изјави таа.

Барби гостуваше во емисијата Фолк парада на Алфа мин атата година, и вешто ги избегнуваше прашањата за нејзиниот приватен живот.

Во играта која ѝ ја зададе водителката Анита, таа кога и да требаше да одговара на провокативни прашања ќе речеше: Дај една ракија.

Таа објави провокативна фотка на Фејсбук и овожавателите веднаш почнаа со коментари. „Секој коментар за твојата убавина ќе е премалку…“, вели еден.

Оваа жена исчезна нешто. А, толку е слатка и симпатична, многумина од естрадата можат вода да ѝ носат. Супер изгледа, згодна и умерено провокативна. Најмногу ми се допадна кога ја испеа „Министерка“, изјави еден обожавател на Барби.

Фолкерката за време на пандемијата објави нова песна во која зборуваше за пандемијата и актуелната состојба, а песната почува со стиховите: Не изигравај ми дистанца, кога сме си само ние двајца“.

– Да беше сите ќе беа пејачки. Според мене една пејачка покрај природниот талент за пеење мора да поседува и харизма, убаво да изгледа, да е позитивна и енергична, да знае како да се однесува и поставува со луѓе и најважно да има свое јас и да се почитува и цени самата.

Дефинитивно воопшто не е лесно посебно кај нас. Мојот пат стварно бил долг со многу препреки, сопки итн. Но, јас сум секогаш борец и секогаш ја постигнувам целта што ја зацртувам.

– Јас сум активна нели тоа е дел од нашата секојдневност, јас како јавна личност морам да сум во тренд со сите новитети и трендови, така максимално ги искористувам и социалните мрежи.

Мене воопшто не ме промениле јас сум секогаш истата, тоа можат да го потврдат луѓето околу мене.

Покрај сите активности и ангажмани јас секогаш наоѓам време и за семејството и за пријателите и за мене лично.

Барбика прекарот го добив откако прв пат излегов на фестивал 2007 година на Роса фест наредниот ден бев објавена на насловни страна на повеќе списанија со наслов струмичката Барбика“, изјави Сања во интервју за Вечер прес.

– Како и секогаш јас сум во тек со сите најнови трендови дури и на светско ниво. Анализирајќи што е она што недостига на нашата Балканска естрада се решив на овој чекор. Сакав да внесам свежина, да разбијам монотонија и свесна бев дека ќе имаме нешто уникатно и оргинално.

Во исто време знаев дека кај дел од слушателите ќе наидеме на хејтање затоа што не се навикнати на нешто ново, но морав да го скршам мразот и еден ден да се гордеам дека јас и Џамбо бевме тие кои воведоа нови стандарди.

Затоа и многу не сум загрижена за хејтерите, тие само ми даваат дополнителна мотивација и креативност“, изјави таа во Вечер прес.

Сања на новата слика која ја објави на Фејс изгледа доста атрактивно, во фустан кој повеќе открива отколку што покрива, а сликана е во тоалет.

Речиси сите во денешно време се сликаат во тоалет, ама ретко кој изгледа како Сања Барбика.

Претходна статијаКристина, бившата на Кајмакоски: Ме прогонуваше девојка која мислеше дека ѝ го крадам дечкото
Следна статијаСе очекува законска измена, која на граѓаните ќе им овозможи да добиваат до 8400 денари годишно од МОЈ ДДВ