Кристина, бившата на Кајмакоски: Ме прогонуваше девојка која мислеше дека ѝ го крадам дечкото

0

Нашата позната манекенка, инфлуенсерка а сега и пејачка, Кристина Димитриевска, неодамна гостуваше на Јутуб каналот „Ништо лично“, која ја води Антонио Димитриевски и зборуваше на разни теми од својт живот.

Мисица, манекенка, модел, однеодамна и пејачка… Бивша сопруга на пејачот со „Х-фактор“, Даниел Кајмакоски која по разводот од него со ХХL чекори тргна по патот до успехот и засега добро и оди.

Атрактивна, провокативна, згодна, нежна, неизбежна… постојано предизвикува мамејќи воздишки со својата појава. И на настапите и на фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи.

Небројот на нејзините следбеници од ден во ден е се поголем, особено на оние машките чии очи секојдневно ги полни со „вла жни погледи“ на нејзините фотографии на Инстаграм“, стои во описот на ова видео.

Од друга страна агендата на настапи и е преполна без оглед на тоа што едвај има една –две свои песни. Покрај сето ова, таа е грижлува предан и посветена мајка, во чие срце има место за само еден мал, но за нае најголем човек на светот – најзиното синче Давид.

Кога Антонио ја праша за музичката кариера која сега и е во прв план, таа одговори вака:

– Јас си правам инает со своето огледало, секогаш сакам да направам подобро и се такмичам со самата себе. Бидејќи кога се такмичиш со некој друг, ти стагнираш, бидејќи не се пратиш себеси и свокјата работа.

Ова е професија во којашто долго ќе бидам. Во претходните некако си го достогнав својот максимум, направив се што сакам, и сега додека не го направам во оваа професија, нема да застнам“, рече Кристина.

Потоа Димитриевски ги искоментира критиките на нејзина сметка и рече дека јавноста на почетокот не била воодушевена од незините вокални спосбности, затоа што им паднала вилицата од нејзиниот физички изглед.

– Пред се поздрав до мојата професорка Наташа Миха. Навистина многу ја сакам и многу ми помогна. Што се однесува до моите вокални способности, ако не постоеле не би правела кариера. Не сум луда да правам нешто, ако не сметам дека во тоа можам да напраам успех“, одговори Кристина.

Таа рече дека на неа е се природно. „Гра дите се мои, а ако еден ден се решам да ставам нешто на мене, зошто да не. Јас преферирам да го одржувам природното“, рече таа за својот изглед.

Потоа, се искоментира нејзината креација на Макфест за која Кристина рече дека таа креација открива, но го покрива тоа што треба. Кажа и дека со Саша Ковачевиќ се блиски пријатели и е посебен.

Кристина зборуваше и за својот син Давид и ја покажа тетоважата на рајата која е со името на синот. „Не го експонирам многу во јавноста. Навистина има многу интересни моемнти.

Он е многу талентиран за глума… кај мене се може, он што ќе посака тоа и добива, сакам да го размазам, бидејќи ми е центарот на светот“, рече Крситина и рече дека знае дека тоа не е добро.

-Но, имам со него навистина онала пријателски однос, и така го градам, како и моите со мене, за да може се да ми кажува, и добро и лошо што ќе му се случува во животот.

Не сум некоја строга, но се знае дека ако кажам нешто дека не е ок, не е океј.

Телефон му дадов дури на пет години, претходно не му давав, бидејќи тоа е како ѓаво лот да му го дадеш во раце. А, инаку беше првпат на мој настап баш во Лешок, на концерт.

Мајка ми го донесе во прв ред, и он беше тажен, зошто сите ме фаќаа, ме гушкаа, он е љубоморен, он не е учен да ме дели. И ако е емисијата во живо, он секогаш гледа.

И ете ја мама, исто сега кога бев на Макфест, и во емисијата утринска да е, го поздравувам, ме прати, ме гледа, „Карди“, мојата песна ја знае на памет“, рече Кристина, и потоа на прашаето:

Ако посака да биде јавна личност, како неа и како татко и, дали ќе му брани, таа рече дека ништо не бу бранела како нејзините што не ѝ бранеле на неа, а таа би му ги кажала добрите и лошите страни.

Таа за десет- дваесет години се гледа како успешна деловна жена и како партнер покрај неа нејзиниот син. „Јас сум многу абициозна жена кои не се врзаниз а шоу бизнис, но сега го работам ова и ќе го работам додека не го постигнам тоа што го сакам“, изјави Кристина.

Антонио Димитриевски ја праша: Сега кога си слободна дама, има ли додворувачи? А на ова прашање, Кристина одгвори: Кој кажа дека сум слободна? И се насмевна. Потоа рече:

-Јас секогаш велам, ако некој сака да ме добие, треба да е недостижен, не да ми се качува на глава“, изјави Кристина. Потоа, таа раскажа една неочекувана случка, кога непознат маж ѝ свирнал на улица од автомобил и ѝ подарил цвеќе.

-Тоа беше нешто што не го очекував. Свири некој, мислев дека нешто ми е на гумата, но кога го извади цвеќето и даваше комплименти… Е, тоа е можеби некој гест што би можел да ме придобие на некој начин, бидејќи скромно е,цвеќе е, и гестот…“, рече таа.

Исто така, Кристина раскажа дека цели шест месевци една девојка за која таа рече дека е со дијагноза, ја следела и била опседната со неа и ја вознемитувала, а објазни и зошто. „Но, тоа се спречи кога сфати дека јас немам ништо со нејзиното момче, и се заврши тоа, и мило ми е.

Јас дури и ѝ се јавив и ѝ кажав: Јас ако сум него ќе ти кажам, па ти ако сакаш- уб иј се. Буквално вака ѝ кажав. Нема навистина ништо, пробав да сум култуна. Но, ете се зварши тоа кога сфати дека нема врска со мене“.

Видеото можете да го видите ТУКА

Претходна статијаОвој човек за Кате „Нели ти реков“ рекол: Влакно не смее да ѝ фали од косата…
Следна статијаПрават жени селфи во тоалет, но никоја не изгледа вака- фолкерката Сани се надмина себеси (ФОТО)