ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА НА ОНКОЛОГИЈА! Проговори за борбата со страшната болест – ПРВ ПАТ ПОЧУВСТВУВАВ СТРАВ!

0

Пејачката Милена Вучиќ пред деценија и половина имаше неколку хитови кои и денес можат да се слушнат на радио станиците, но и на музичките натпревари како „Знае ли таа“, „Луче“ и „На таласима“.

Нејзин продуцент беше познатиот музичар Жељко Јоксимовиќ, а кратко по тогашните успеси немавме можност во толкава мера да ја видиме во јавноста.

Пејачката со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм ја сподели веста дека самоиницијативно отишла на преглед на градите, а потоа завршила на онкологија. После се што доживеа, проговори за тоа што се случило, и како сега гледа на работите што и се случиле.

– Само што знаев дека има промена ме изненади. Имав среќа што го направив прегледот врз основа на мојата интуиција. По природа не сум плашлив човек, но овојпат првпат почувствував страв.

Најголем мир ми даде докторот кој ме прегледа, потоа Никола, сестра ми и мајка ми. Се подготвив, закажав интервенција и отидов на одмор со Никола и децата. Ми требаше тој период да се опуштам
и да се вратам безбедна и опуштени од пат – вели Милена.

Како што истакнува таа ја напуштила клиниката, но се чека резултатот од последниот тест кој ќе потврди дека се е во најдобар ред.

– Се што ми се случува, мислам дека лесно ќе го решам, силна сум, можам се. За мене беше важно да знам каква е процедурата, поради децата кои беа навикнати да поминуваат време со мене.

Сепак, докторот ми објасни дека интервенцијата е краткотрајна, дека наскоро ќе можам да функционирам нормално.

Фала му на Бога, беше исто како што рече. Не можам да кажам дека тоа што ми се случи е страшно. Приказните што ги слушнав, а кои им се случуваат на жените, многу ме погодија. Досега лично не сум сретнала луѓе кои имаат посериозни интервенции, па мислев дека „лесно ми е“ – вели Вучиќ.

По успешната операција, Милена со насмевка зборува и апелира колку е важно да се оди на лекар на редовни прегледи.

– Би било добро да бидеме пообразовани, да бидеме внимателни и одговорни кон себе. Не треба да паничите, туку треба да бидете приземни и да бидете нежни со телото и здравјето.

Очигледно е дека секој редовен преглед е многу важен – заклучува пејачката.

Претходна статијаИспливаа ДЕТАЛИ ЗА СЕМЕЈНАТА ДРАМА: Љуба Аличиќ СО ГОДИНИ НЕ РАЗГОВАРА СО СИНОТ, за се е виновна една жена!
Следна статијаМногу личи на Анастастија – Ѓорѓе Куљиќ прв пат со 12 години помладата девојка во јавност! ФОТО