ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ ТАЊА САВИЌ ОТКРИ ШТО И НАПРАВИЛА ЛЕПА БРЕНА ЗАД ГРБ: Пејачката НЕ ЗНАЕЛА НИШТО за ова

0

Малкумина знаат за ова

Лепа Брена е една од најпознатите југословенски пејачки.

Родена е на 20 октомври 1960 година во Тузла. Таа израснала во Брчко, а скромно и безгрижно детство и овозможиле татко и Абид и мајка и Ифета. Лепа Брена има сестра Факета и брат Фарук.

Општо познато е дека Брена со години беше најголемата ѕвезда на Балканот.

Кога кариерата ѝ привршуваше, почна да им помага на младите надежи и учесници на натпреварот „Ѕвезде Гранда“.

Нешто слично се случило меѓу неа и Тања Савиќ.

Тања Савиќ важи за една од најпопуларните пејачки на „Гранда“, а Поповиќ претходно откри дека најмногу вложиле во кариерата на Тања, бидејќи во неа гледале потенцијал на идна голема ѕвезда.

Како што вели Поповиќ, му е жал.

– Тања е наше дете. Од оваа далечина, таа се појави во Пожаревац во 2003 година. Имаше само 18 години, еј! Неа ја прослави „Гранд“ и многу ми е жал. И Жика и јас бевме среќни кога таа рече дека ќе се омажи – изјави Саша.

– Ја ослободивме две години пред договорот затоа што беше бремена, а тоа што се случува не е убаво. Ние ја сакаме и ја поддржуваме – објасни Поповиќ.

Да потсетиме, во последните денови јавноста беше шокирана од пораките испратени од сè уште легалниот сопруг на Тања, Душан Јованчевиќ. Пораки во кои нејзините синови молат да се вратат кај својот татко.

Тања се прослави со песната „Златник“ која ја сними во 2008 година, а Поповиќ во една од емисиите на Гранд откри дека песната најпрвин и била понудена на Лепа Брена, но таа одбила и рекла дека најдобро би било Савиќ да ја сними.

– „Златник“ како твој најголем хит… Ја донесов таа песна на Лепа Брена и реков „Брена, ова е песната за тебе“, таа ја преслуша таа песна и рече:

„Сале, песната е убава, јас би ја дала таа песна на Тања Савиќ“ – откри Поповиќ, а Тања не можеше да поверува и јавно и се заблагодари на пејачката.

Претходна статијаДали има деца Владо Јаневски? Јас знам дека имам, не дека сум ги растел…
Следна статијаOгромна тага во домот на Сузана Манчиќ – Водителката скршена од болка!