Дали има деца Владо Јаневски? Јас знам дека имам, не дека сум ги растел…

0

Во интервју за Опсервер.мк во една прилика Владо Јаневски сподели една интересна мисла. Имено, тој откри дека веќе не му е престиж да го сакаат надвор од Македонија.

– Да ме прашавте пред 10 години ќе ви кажев дека тоа е да ме сакаат во Белград, во Загреб, во Љубљана, да правам 50 концерти годишно наместо пет.

Но денес, не. Сега ми е доволно само да се разбудам наутро и да помине уште еден ден, а од утре ќе размислувам за понатаму. Толку сум сконцентриран на сегашноста, што ги отфрлив сите планови за иднината.

Годините и искуството ме научија дека „ако сакаш да го насмееш Господ само кажи му што планираш. Немам апетити да настапувам надвор од Македонија“, изјави Владо претходно, но сега тој интензивно снима и настапува во Хрватска.

Владо на една промоција рекол дека тој не е како Џорџ Клуни, кој изјавил дека нема да се жени, па го прекршил зборот. „Јас навистина нема да се женам“, рече Јаневски.

Тој даде интервју за 24info.mk, во кое се навреди за едно прашање: „Малку е невкусно од човек на 60 години барате да зборува за девојки и ергенлак, не ви се чини?

Моите сфери на интерес во последниве 10-ина години се далеку од тие теми, иако љубовта како појава и сѐприсутна мист ерија во нашите животи била, и секогаш ќе биде тема на моите песни преку кои комуницирам со светот и креативно се изразувам“, рече Владо.

Дел од своето срце тој го дава на дланка на своите следбеници на Инстаграм како што направи со неодамнешната објава. Тој сподели стихови од песна за која со години се збруваше дека има вистинска приказна, а тоа е песната „Што и да е , ќе помине“.

– Секое лошо – за добро е. Ако е тоа точно, тогаш и ова навидум лошо време – невреме е шанса за промена на подобро.

Ама тоа е во случај да секој за себе закочи и размисли за сите нешта во сопствениот живот за кои „се немало време“ порано.

А ако наместо тоа, ова „екстра време“ создадено од овој присилен застој во нашите животи го пополниме со анализи за светските теории на заговор, вмешаноста на супер силите и новите мултимилијардери во креирање на некој нов светски поредок и слично – тогаш никакво добро поединецот нема да види од „новото нормално“.

Ова го изјави Владо во Женски магазин за својата нова песна „Ненормален“, а потоа раскажа како всупност тој живее во Гевгелија каде што неодамна се пресели:

– Овде во Гевгелија сум надвор од круговите во кои циркулирав кога бев во Скопје и немам многу приватни контакти, едноставно затоа што овде познавам многу малку луѓе.

Така и дотокот на информации ми е прекинат, не ги следам социјалните мрежи и не ми е воопшто лошо.

Па јас токму ради тоа и се доселив овде, да немам контакт со дневните вести и актуелности. Оној момент кога песната ќе се објави, мојата работа е завршена и не следам што натаму се случува со неа.

Затоа што знам дека, штом стане дел од мојот нормален репертоар и почнам да ја пеам на концерти, од реакцијата на присутните ќе дознаам дали им се допаднала.

-Со скопски сленг речено: многу лабаво. Ниту некој ме бара за друштво, ниту јас ѕвонам некому за кафе или дружба. Не сум мерел, ама сигурно 90% од времето сум сам со себе и така ми е убаво.

Можеби е тоа така затоа што работните денови ми се интензивни и полни со луѓе, забава, дружење со познати и непознати. Во еден мој обичен неработен ден секогаш има време за прошетка, теретана, добар филм, интересна книга…

– Многу трачеви има, ама јас сум малку недружељубов во последно време затоа што годините ми диктираат малце посмирен живот. И сега ми е мерак да си седам дома, веќе не одам по журки“, рече Владо во една прилика во Еден на еден, а кога водителот Жаре го праша колку време немал серозна врска тој рече:

Десет години најмалку, 12. Не сериозна, никаква. Има роднини, пријатели што сакаат да ми наместат девојка- Има една за тебе. Ама, кога не пее пилето, џабе е.

Во една прилика, Владо откри дека всушност има деца кога Жаре го праша во истата емисија: Би сакал да ми одговориш искрено. Има ли наследник Владо Јаневски?

-Не е сврха да ме наследи некој? А, не музички? Биолошки мислиш? Јас знам дека имам, сега, не дека сум ги растел и знам кои се, какви се, што се, али ми јавиле дека има некои што растат.

-Така да, може сум татко, ама не сум баш некој татко“, изјави Владо. За неговата песна „Што да и да ќе помине“ се зборуваше на времето дека е автобиографска и дека зборува токму за тие негови наследници.

„Нашата љубов уште живее, има име и ангелски лик. Збунето стои на прагот на стварноста, со своте розови кош-мари“, се дел од стиховите. Токму нив, Јаневски, ги сподели на Инстаграм.

Претходна статијаПобедникот на Ѕвездите на Гранд, Мирза Селимовиќ конечно ја покажа девојката ФОТО
Следна статијаПОСЛЕ 15 ГОДИНИ ТАЊА САВИЌ ОТКРИ ШТО И НАПРАВИЛА ЛЕПА БРЕНА ЗАД ГРБ: Пејачката НЕ ЗНАЕЛА НИШТО за ова