Речиси и да нема песна од Мирза Селимовиќ која не станала голем хит, а колку и да објави, публиката никогаш не може да се засити.
Иако со месеци наназад се полемизирало за тоа, Мирза Селимовиќ конечно решил да го потврди она што неговите следбеници на социјалните мрежи претпоставуваат.
Имено некогашниот победник на музички талент шоу – програма “Ѕвездите на Гранд“ го оперирал носот.
Иако, како што самиот истакнува, првобитен план бил само да се ослободи од девијација, попатно донел одлука и да го намали и обликува.
– Конечно можам да дишам нормално прку нос. Не само што ми е подобро, туку имам впечаток како да сум нов. Имав девијација на носот и тоа го оперирав пред осум месеци. Во таа прилика искористив и малку естетски да го корегирам носот – признам Мирза.
– Тоа ми беше потребно бидејќи поради девијацијата неможев да пејам баш најдобро.
Пејачот со магичен глас, неверојатна скромност и добро воспитување, Мирза Селимовиќ, со години ужива во хармонична врска со манекенката Јелена Кнежевиќ, со која ужива далеку од очите на јавноста.
Својот љубовен живот речиси никогаш не го разголува, тие фотографии со својата убава избраничка речиси никогаш не ги објавува. Но, се чини дека 2023 година донесе пресврт, а пејачот реши конечно да покаже колку ужива да биде покрај убавата Јелена.
Прво објави фотографија со Јелена, а набргу потоа и видео од автомобилот во кој се гушкаат и бакнуваат.
Бидејќи неодамна изјави дека не сака да ја експонира својата девојка, како и дека не брза да стапне на луд камен, многумина коментираа дека очигледно е дека Мирза има големи планови за 2023 година, а еден од нив е Свадба.
„Мирза, навистина имаш среќа“, „Колку е убава“, „Се гледа дека си заљубеа“, се само дел од коментарите кои Мирза и Јелена ги добија по објавувањето на нивните заеднички снимки.
-Поради тоа што не се експонираме, не планираме ништо конкретно да објавуваме. Некако секогаш се трудам тој дел од мојот живот да го оставам за себе и така да остане – изјави неодамна Мирза за Гранд и откри што најмногу не и се допаѓа на неговата девојка и која негова карактеристика најмногу и се допаѓа.
– Му замерува што сум прилично импулсивна и понекогаш срдечно реагирам, а најмногу и се допаѓа што сум внимателен, чувствителен, емотивен… Не сакам многу да зборувам за себе, но еве некои квалитети кои можам да ги издвојам – изјави пејачот.