Јелена Карлеуша се подготвува да создаде вистинска музичка бомба на српската и на светската музичка сцена. Како што неофицијално дознава Курир Старс од извор близок до пејачката, ЏК снима дует со една од најголемите ѕвезди на денешницата – американскиот рапер Канје Вест.
Поради овој проект, чии детали се чуваат во најстрога тајност, таа наводно наскоро ќе замине во Соединетите Американски Држави, каде што двајцата ќе снимат песна и високобуџетен спот, со кои Карлеуша сака да ги надмине границите на регионалниот шоу-бизнис и на тој начин и се отвораат сите врати на патот кон светската кариера.
Јелена засега не смее да зборува на оваа тема, а колкава важност му се придава на овој проект говори и тоа што склучила договор за доверливост, кој доколку се прекрши повлекува отштета од неколку милиони долари. Нашиот извор упатен во целата приказна ни раскажа како првенствено дошло до наводниот договор и како Карлеуша реагирала на оваа понуда, која не ја одбила.
Обожавателите на Јелена Карлеуша со години очекуваат нова музика од српската музичка ѕвезда. Но, по сѐ изгледа станува збор за вистинско затишје пред буда.
Како што дознава српскиот медиум „Курир“, Карлеуша ќе сними дуетска песна со една од најголемите светски ѕвезди на денешницата – американскиот рапер Канје Вест.
Пејачката наскоро ќе замине во Соединетите Американски Држави поради овој проект, чии детали се чуваат во најстрога тајност. Таму Карлеуша и Вест ќе ја снимат песната, а потоа ќе снимат и високобуџетен видеозапис.
„Јелена воопшто не придаваше значење на тоа дека Канје ја заследи на Инстаграм. На неа ѝ беше симпатично, но набрзо го отследи, па повторно го заследи. Кога, после кратка пауза, тие повторно станаа пријатели, Канје ѝ напиша порака. Тој ѝ упати многу комплименти.
Канје беше воодушевен од модните комбинации кои таа ги носеше со парчињата облека од неговиот бренд ‘Јизи’. Раперот знае за Јелена Карлеуша уште од периодот кога беше во брак со Ким Кардашијан, која, пак, беше воодушевена од Јелена, нешто што и самата го напиша на својата веб-страница.
Соработниците на Канје му ги пуштиле песните на Јелена (‘Крими рад’ и ‘Со’) и тие многу му се допаднале. Поради тоа, тој ѝ предложи музичка соработка, а таа воодушевено ја прифати. Канје веднаш ѝ испрати договор за тајност, а Карлеуша го потпиша“, вели извор близок до Карлеуша.
„Карлеуша и нејзиниот тим наскоро ќе заминат во САД, каде што лично ќе се запознаат со Вест. Таму ќе снимат песна и видеозапис, кои ќе бидат нешто невидено – само кај нас, туку и во светот. Сѐ требаше да биде завршено досега, но раперот е во медиумска илегала, проектот се пролонгираше. Таа ќе биде таму околу две недели за успешно да го завршат проектот“, завршува изворот.
Јелена Карлеуша одамна го најавува новиот музички албум „Алфа“, за кој вели дека ќе доживее светски успех.
View this post on Instagram
„После мојот нов албум ќе следи крајот на светот. Сметам дека овој албум ќе биде најдобриот и најсериозниот проект во мојата кариера – со најмногу песни и со најмногу вложени пари. Овој албум ќе доживее светски успех. Добро запамтете ги моите зборови.
Нема да има само песни на српски јазик, туку и на други јазици. Ќе има повеќе музички соработки, ќе има видеозаписи и модни сензации, нешто што ќе ги смени правилата во шоу-бизнисот“, изјави Карлеуша во новогодишното интервју за „Курир“.
Меѓу другото, таа ја спомна и ситуацијата со Канје Вест.
„Не можам да зборувам за Канје, освен за тоа што се случи на Инстаграм. Ние имаме договор за тајност, верувале или не. Морав да потпишам договор со Канје, така што не смеам да зборувам ништо“, изјави Карлеуша за „Курир“.