Ленче Кукиќ кажа што им вика на луѓето кои се фаќаат за џеб

0

За некои луѓе велат дека се родени под мила ѕвезда. Луѓе светлина со душа планина. Луѓе кои секој ги посакува во свое друштво заради нивната топлина која за жал сѐ повеќе ни недостига, а токму поради тоа е сѐ повредна.

Луѓе како Ленче, како Горан Кукиќ. И како пар и како индивидуи, тие имаат нешто што не може ниту да се одглуми ниту да се купи. Токму таа човечност која секаде ги следи заедно со нивниот раскошен талент, кој публиката не заборава да го награди.

Повеќе од три децении и двајцата партнери и дома и на сцена, ни ги галат и лечат душите со нивната музика“, објави Фешнел во една прилика, за нашите познати музичари од Струмица, Ленче и Горан Кукиќ.

Нивниот син Иван, им се придружи на нивната професионална патека, но веќе како изграден музичар полека разгазува нови патеки кои го носат до светската сцена како дел од триото на Влатко Стефановски.

Ленче зборуваше за тоа- Кога ќе ѝ споменат искуството со „Никад није касно”, каква емоција и буди, но и за други нешта поврзани со нејзината кариера и живот воопшто.

– Прекрасни спомени… Токлу убави емоции, што дури понекогаш посакувам да се врати 2019-та година кога победив, за повторно да ги почувствувам. Таму осознав вредности, кои можеби кај нас се изгубени.

Се вреднува пејачот, неговиот талент, се вреднува песната по највисоки критериуми. Барем тоа е моето видување и моето мислење.

Лично за мене „Никад није касно” е едно богато искуство во смисла на комуникација со врвни професионалци кои си ја знаат работата, организација на највисоко ниво…

Воодушевувачка сцена, сето тоа во еден прекрасен амбиент со публика и огромна гледаност со аудиториум од неколку милиони луѓе. Благодарна сум на можноста да искусам еден таков квалитетен проект со импозантна сцена на која повторно би се вратила.

-Јас сум 30 години на музичката сцена и во мојата земја мислам дека ја добив најголемата популарност. Но, учеството на „Никад није касно” го искористив во еден вистински момент бидејќи моите почетоци во кариерата се врзани со 1991 година кога се распадна Југославија.

Тогаш како помлад изведувач немав прилика да ме запознае поширокиот аудиториум и се случи тоа што требало да се случи. Сега сум презадоволна, што ми се оствари тогашниот сон и успеав да се претставам пред милионска публика.

А сето тоа нормално со себе носи и повеќе ангажмани и повеќе настапи и уште побогата кариера. Затоа, за мене навистина ова беше остварување на амбиции од пред 30 години и апсолутно во мојот случај, за тоа што го посакав не беше доцна.

Јас го добив тоа што го сакав од нашата публика, која секогаш имала повеќе позитивни реакции во однос на мојата работа, отколку негативни.

Со нашата професија ние сме сепак во една среќна околност, пееме за убаво, за љубов, за среќни моменти.

Мене во животот ме води една парола, дека еден човек не може да биде ниту семоќен ниту совршен. Јас секогаш давам сѐ од себе и никогаш не се сомневам во моето дадено, затоа што е дадено со душа и со целата моја енергија.

Свесна сум дека ниту еден ден нема реприза и затоа јас кога пеам, се давам целосно. Затоа секогаш верувам во моето дадено, иако секогаш може да налета на луѓе кои и од тоа нема да бидат задоволни.

Секогаш гледам на позитивната страна, иако ги почитувам и негативните критики бидејќи врз основа на тоа може некогаш да ги спознаеш твоите грешки“, реле Ленче која со својот сопруг Горан многу тешко го поминаа вирусот Ков ид 19 минатата година.

-Горда сум на моето семејство. Среќна сум што и мојот син Иван исто така се посвети на музиката, а во исто време сум среќна што го делам мојот живот со Горан. И тројцата ја делиме истата страст кон музиката, па ќе кажам и истите проблеми во врска со нашата работа.

Кај нас дома сѐ е музика. Реални сме и надвор и дома, но музиката секаде нѐ следи. Но, нормално, се случува некогаш кога сме уморни да сакаме да поуживаме и во тишината.

Но, тоа се само исклучоци. Нам душата ни е полна со музика. Како семејство така сме создадени, едноставно животот ни е музика“, кажа Ленче за Фешнел. Пред неколку дена, во Струмуца се одржал концерт во чест на некогашниот Ден на републиката во Југославија, 29 ноември.

На овој концерт пеел Иван, а пееле и таа и Горан како придружни вокали на својот син, и според снимките кои Ленче ги објави на Фејсбук имало преубава атмосфера.

Во една прилика, во интервју за ТВ Сител, Ленче отворено зборуваше за бакшишот и за тоа дека заработката на секој човек е релативна работа, во зависност од тоа кој колку троши и кој колкави трошоци има.

– Јас секаде каде што настапувам, јас никаде и никогаш не сум отишла да им кажам на луѓето да ми дадат бакшиш. Тоа е невозможно.

Ние ги благословуваме луѓето кога ќе ни дадат бакшиш, им велиме: да ви даде Господ уште повеќе, дека ни тие ни дале нам. Ако тие се задоволни, и ние сме задоволни и благодарни“, рече Кукиќ за бакшишот.

Претходна статијаПријателка на Вики Среброва: Сум била кај неа дома и не е воопшто така како што мислите…
Следна статијаМими од „Ѕвезде Гранда“ раскажа што најчесто прави со сопругот Нуне