Познатиот композитор и фронтмен на бендот „Милиграм“, а од неодамна и директор на „Гранд продукција“, Александар Милиќ Мили, ужива во бракот со неговата десет години помлада сопруга Нина.
Тие се во брак повеќе од деценија и имаат две деца, а како што пишуваат медиумите, Мили и Нина се сакаат како од првиот ден на нивната брачна заедница и се посветени родители.
Александар Милиќ Мили ретко се појавува во јавност со сопругата Нина, со која е во брак 16 години.Тие двајца ја имаат ќерката Миа и синот Маркус, а многумина коментираат дека Нина изгледа фантастично.
„Милам дека сум многу добар, грижлив и внимателен сопруг. Веројатно не сум во заблуда, треба да ја прашате Нина“, рекол Мили во едно интервју.
Семејството е најсреќно кога сите заедно се заминати на некое патување, а музиката им е дел од секојдневието.
Композиторот и член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“ Александар Милиќ Мили деновиве престојува во Тајланд каде веќе две недели ужива во својот одмор со семејството.
Мили реши овој одмор да биде доста активен на социјалните мрежи, па секој ден на својот Инстаграм профил ги израдува своите следбеници со фотографии и видеа од одморот.
Овој пат Мили објави видео на кое јава слон. Во оваа авантура му се придружил и неговиот син, додека неговата сопруга и ќерката останале на земјата и не биле расположени за таква авантура.
View this post on Instagram
A POST SHARED BY MILIGRAM (@MILIGRAMOFFICIAL)
Дојде уште еднаш и покажа колку е смешен, па во ново видео на сите им покажа како разговара со мајмун кој застанал на неговиот мотор, а со ова видео ги насмеа сите.
– Каде си, сакаш да возиш? – низ смеа праша Мил.
После адреналинското возење на море, Мили доживеа мала несреќа, па загрижи многумина кога покажа колку го повредил коленото.
– Како си го скршив…, паднав на корали, мислев дека не е тоа – додаде тој.
Во видеото под текстот погледнете како композиторот го поминува времето со семејството на луксузно патување:
View this post on Instagram
По кратка пауза во Тајланд, Мили се враќа во Белград каде го чекаат многу обврски.
Како што претходно најави композиторот, штом се врати ќе продолжи да работи во студио, но и со снимањето на „Ѕвезде Гранда“.