Душко Тошиќ е минато: Јелена Карлеуша пресече, овој човек сака да и го освои срцето ФОТО

0

Српската пејачка Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Први ред“ („Прв ред“) на телевизијата К1, каде што зборуваше за својата музичка кариера, за новите проекти, но и за приватниот живот.

Меѓу другото, таа сподели дека објавата за разводот била само „казна“ за нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ.

„Душко Тошиќ ме изнервира, па морав да го казнам со една објава, но не се разведовме. Ние се немаме разведено со документација и сѐ уште живееме во иста куќа. Тоа е специфичен однос, не знам како да се изразам, а да не ми се јави неговиот адвокат.

Тажно е што воопшто го спомнувам неговиот адвокат, но сега ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка на оваа тема. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина“, изјави Карлеуша.

„Тој не постои без мене. Ние сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат, тоа е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа, пред сѐ, поради машкото непочитување кон жените, што, за жал, е една голема вистина“, продолжи пејачката.

„Жените во Србија се, генерално, тажни бидејќи мажите ни се лоши. Мажите многу девалвираа, не ги почитуваат и не ги сакаат жените како што треба. Што значи вреѓањето на една жена, каква и да е?

Јас многу лесно ставив точка на мојот прв брак. Моментално, односите во домот ни се нарушени и јас го чекам моментот кога Душко ќе сфати дека јас сум божица на универзумот и дека сум неговата единствена и вистинска љубов“, вели таа.

Јелена Карлеуша веројатно би сакала што побрзо да го заборави минатиот Божиќ, кога наводно се скарала со сопругот Душко Тошиќ, а неколку месеци подоцна бракот за малку ќе пропаднел, но веројатно успеале да најдат решение.

Нумерологот Гордана Драгишиќ открива дали следните неколку месеци ќе бидат помирни или побурни за новата Ѕвезда.

‒ Јелена Карлеуша ќе го освои светот oваа 2023 година, така вели нејзината нумеролошка шифра 775! Таа е некој што има силна интуиција и ја користи во животот. Јелена во 2023 година ќе и биде ќе биде многу успешн на сите полиња.

Постои шанса кон средината на годината да ја запознае својата најголема љубов, но тој е странец, па ќе биде обвиткана во тајност. Станува збор за силен, стабилен човек, многу моќен и богат. Сè укажува дека Јелена ќе биде посреќна од кога било во работата и љубовта.

Покрај тоа, таа ќе направи чистка и ќе отстрани многу луѓе од својот живот.

Дали во таа „чистка“ ќе биде вклучен и Душко Тошиќ? Кој е овој „мистериозен странец“? Останува да видиме…

Претходна статијаСимон Трпчевски сите го знаат, а оваа убавица е неговата сопруга (ФОТО)
Следна статијаЗа нашинците во Германија не можеше да пристигне подобра вест: Ќе се менува едно многу важно правило!