Бобан Рајовиќ мора да оди на операција: Ова е причината!

0

Српскиот пејач Бобан Рајовиќ има нова песна „Недељом“. Станува збор за балада, за која изработи и видеоспорт во кој Рајовиќ се појавува гол до половина.

„Ниту една песна не сум ја чувал толку долго колку оваа балада, но ова е повеќе од тоа. Повеќе од песна, и имам само една желба поврзана со неа – да погледнете под површината, да гребнете под неа.

Ова сум јас, ова е мојата душа, ова е мојата емоција. Ова не е маркетинг. Сакам да ја слушате песната, но, пред сѐ, сакам да ја разберете“, вели Бобан.

Во спотот се појавува пејачот кој сакал да стави акцент на емоцијата, а не на осмислени сцени и актери.

„Оваа песна е чиста емоција, а следната ќе биде исполнување на мојата дамнешна желба.

Желбата да снимам љубовна песна во која се споменува Македонка или самата Македонија одамна посакувам да ја остварам, првенствено затоа што за вашата земја ме врзуваат многу убави спомени.

Затоа наскоро, освен моја авторска песна за Македонија во етерот во план сум да пуштам и обработка на една стара македонска песна. Се надевам дека Македонија ќе ја препознае мојата емоција која е искрена“, вели Рајовиќ.

Бобан Рајовиќ ги сумираше впечатоците од 2022 година и откри во која насока сака да оди следната.

Најубавиот момент во 2022 година беше сознанието дека неговата постара ќерка ќе стане мајка.

– Да речеме, најмногу и највпечатливо нешто што слушнав беше кога мојата постара ќерка забремени! Солзи радосници и бев навистина среќен.

Тоа го чекавме долго време, а и затоа што тоа е чувство за кое ми кажаа, но не верував дека исто како чувството да имаш свое дете – рече Бобан и додаде што е лошо во изминатат 2022 година.

– Па, кога имав успех во бизнисот и приватно, има и лоши работи, но не сакам да зборувам за тие работи, претпочитам да ги оставам зад себе.

Бракот со сопругата преживеа, а сега го откри рецептот.

– Многупати сум кажал, благодарение на неа и бидејќи многу пати замижуваше, преживеавме. Не бев неверен, ниту дека изневерував, туку дека бев изложен на разни искушенија.

Бобан откри и дека планира да оди на естетска операција во наредната година.

– Наскоро, можеби ќе забележите. Сè уште не сум, но навистина ми треба. Тоа е толку минорна процедура, што ми пречи. Имам вишок кожа на еден дел од лицето. Капакот – рече тој за „Република“.

Претходна статијаВиолета Томовска по подолго време се појави во јавноста и ги расплакала сите (ФОТО)
Следна статијаБратот и синот на Зоран Џорлев се борат да не заплачат, а еве кои силни зборови ги кажа неговата сестра Софче (ВИДЕО)