Агнеса Органџиева стана позната во јавноста по драматичниот развод со сопругот Роберт Ордановски.
Медиумите беа преплавени со нивните опаски еден за друг, за потоа тие да објават дека сепак, на крајот се разделиле како цивилизирани луѓе.
Но, оваа медиумска заинтересираност за „драмата“ на Агнеса, придонесе Органџиева да се стекне со многу нови следбеници на социјалните мрежи и да ја издигне на повисоко ниво својата инфлуенсерска кариера.
На инстаграм во моментов ја надмина границата од 100 илјади следбеници. Сега, на нејзините профили можат да се видат реклами за многу производи, а таа е чест гостин на телевизиите и порталите.
Минатата година, во интервју за „Бекстејџ“, Агнеса одговори на многу прашања поврзани со нејзиниот приватен живот.
На прашањето дали постои ли некое омилено бон тон правило што го практикува кога е на вечера, Агнеса одговори:
-Кога сум на вечера да. Да им пренесам на девојките, посебно на младите, гледам, сакаат да станат дами, ташната значи никогаш не се остава на маса. И сега, на ваква убава храна, ти да ставиш ташна на маса, значи не е во ред.
Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја. Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса. Потоа коментираше дали има џентлмени во Скопје.
-Во Скопје ги има, треба да се најдат мислам дека се кријат, а мислам дека самата жена треба да го поттикне спротивниот пол да биде џентлмен.
Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.
И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања не. Потоа зборуваше за тоа дали ѝ пречат некои работи кај жените во однесувањето на излегување.
– Кога е во прашање ваква вечера, сум приметила многу девојки дотерани, убаво средени, нарачуваат пиво. Тој момент не го сакам.
Сепак, може да се порача вино, и некој добар коктел, а пивото може да го остави дома, не ми е дамски“, рече Агнеса, а потоа го коментираше трендот во Скопје- да се излегува во тренерки.
-Да, ми смета. Се знае тренерки каде се носат, парк, Водно, на патување кога одиш, да се чувствуваш комотно, еве ќе речеме – ќе го спомнам последниот ИНВЕНТ на кој што бев поканета, на „Винедонија“.
Значи јас бев облечена во фустан, елегантен, нормален, и кога влегов девојките стварно беа шокирани како јас сум се облекла.
Едноставно треба да знаете на такви инвенти како треба да делува една дама, а не да си во обични панталони и кошула. Јас сум секогаш искрена и мислам дека тоа се гледа“, рече Агнеса.
Таа место ивент (настан) два пати кажа инвент, но веројатно станува збор за ненамерна грешка.
На прашањето, дали прифаќа понуди за вечера од мажи, таа рече: Сега во овој момент, можам само со другар јавно да искочам на вечера, а со дрга особа секако не. Тоа би било надвор од Скопје, рече Агнеса за „Бекстејџ“.
Агнеса завчера објави слики на социјалните мрежи, од кои запира здивот.
View this post on Instagram