РОДИТЕЛИТЕ ПРЕСРЕЌНИ – Синот на Драгана Mирковиќ, Мануел го освои срцето на ќерката на популарниот пејач! ФОТО

0

Пејачката Драгана Мирковиќ секогаш е под будното око на јавноста, а кога ќе се појави на некој јавен настан предизвикува интерес и внимание.

Таа не сака јавно да ги експонира своите деца, ни својот сопруг, и во неколку наврати истакна дека е пресреќна поради одлуката на нејзините деца да не се дел од јавниот свет бидејќи таа не би можела да поднесе нејзината деца да се јавни личности.

Пејачката Драгана Мирковиќ отсекогаш ги држела своите деца подалеку од очите на јавноста, но откако Мануела и Марко ги отворија своите профили на Инстаграм, тие продолжуваат да го привлекуваат вниманието на јавноста.

Во ова особено се истакнува синот на Драгана Мирковиќ, кој е вистински мангуп.

Марко, синот на фолк-пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ ја наследил љубовта кон луксузните автомобили, а сега на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како вози нов „мајбах“ и тоа 300 километри на час.

Законот не го прекршил со оглед на тоа дека вози на автопат, каде во земјата каде живее е дозволена толкава брзина.

Видеото го објавила Драгана, каде се гледаат рацете на воланот на нејзиниот син и бројките кои ја мерат брзината. „Пробно возење“ – напишала Драгана во опис на видеото…

Од кога се појавија неговите фотографии во јавноста, луѓето коментираат колку е згоден Марко, а интересот на девојките за него е неизмерен.

Сепак, како што неодамна изјави пејачката, нејзиниот син е се уште е слободен. Сепак, сликата која штотуку се појави на неговиот профил може да ги демантира зборовите на Драгана.

Имено, синот на Драгана Мирковиќ веќе неколку дена престојува во Белград, а денеска одлучи да го помине денот со Уна, ќерката на Здравко Чолиќ.

Децата на популарните пејачи ручале во јапонски ресторан, а времето ќе покаже дали тие само се дружеле или има нешто повеќе меѓу Уна и Марко.

Она што е сигурно е дека Уна сигурно би била снаа по вкусот на Драгана, бидејќи знае дека потекнува од прекрасно семејство и дека со синот би била од чиста љубов, а не од профит.

Претходна статијаАлександар Јосифовски искрено за непристојната понуда: „Ситуацијата беше мошне критична“
Следна статијаАгнеса грее на ладново – објави видео на кое изгледа како кукла Барбика