Адријан Гаџа ја гушна најважната жена во неговиот живот и покажа што прават нејзините вредни раце (ФОТО)

0

Гаџа на Фејсбук неодамна објави слика со својата мајка која инаку се вика Сузана и покажа каков џип ѝ купил. Џипот е подарок од него и од неговиот брат зашто Адриан на Фесјбук напишал:

– Еден подарок од твоите синови мамо, ти заслужуваш многу повеќе отколку што ние можеме да ти дадеме, напишал Гаџа до сликата со мајка си и атомобилот кој изгледа доста добро.

Се гледа дека кога е во прашање мама, синовите воопшто не штеделе на овој подарок- секоја чест.

Адријан Гаџа пред неколку години тивко се повлече од сцената, одлучи да премине во угостители и го отвори ресторанот Ча Ча.

Tој за својот нов бизнис зборуваше во интервју со Лила Стојановска на Сител.

-Угостителската професија ја сакам уште од мал. За да успееш во нешто треба да си 100 посто фокусиран, и повеќе од 100 посто. Ме исполнува оваа работа, а имам време и да одам дома, и да влезам во студио.

Знаеш, студиото ми е дома. Музиката не ми бега, не гледам јас така дека сум се тргнал од музика. Кај и да влезеш кај мене дома има музика, имам музичка опрема, имам чувар, да не се осмели некој да земе нешто“, рече Гаџа.

Неговиот брат е познат виолинист кој живее во Виена, а и Гаџа има завршено нижо музичко, средно музичко и факултет, на инструментот виола.

-Со пеење почнав во прва година средно, имав 14-15 години. Тогаш се пријавив случајно на еден фестивал и победив. Многу беше лесно. После два месеси се пријавив на друг фестивал, и таму победив.

Најголемиот успех е кога ќе пукне некој добар хит, а сум имал некои дваесет песни што ми удриле јако, и одма после хитот доаѓаат наспаи, а концерти, а знаеш како, големите концерти се малку стресни“, рече Гаџа.

Во Ча Ча пред некое време имало јака журка по светски стандарди, а ја организирал токму Гаџа. „Ноќ за паметење“, напишал тој на Фејсбук.

Таткото на Адриан кој се вика Емин објавил слика со неговиот друг син, Дритон, братот на Адриан Гаџа. До сликата тој му честитал роденден на својот син и напишал дека и тој е уметник.

На Фејсбук профилот на Дритон Гаџа се гледа дека и тој е музичар, тоест дека свири во оркестар. Неговиот брат е познат виолинист кој живее во Виена, а и Гаџа има завршено нижо музичко, средно музичко и факултет, на инструментот виола.

И она што може со сигурност да се забележи е колку тој личи си својот брат Адриан, речиси како да се близнаци.

„Неговиот ресторан „Ча-Ча“ е на површина од 300 м2. Во него има сè што ќе посакате, а што се однесува до вкусната храна.

Самиот внатрешен ентериер е исто така елитен, за пофалба по терк на најмодерните светски ресторани.

Адријан често престојува во Италија, па и од таму носи голем број впечатоци од нивните ресторани, применувајќи ги на свој начин во својот скопски ресторан.

„Ча-Ча“ за кусо време стана омилено место на голем број македонски пејачи,“ објави во една прилика Вечерпрес.

Пред отворање на ресторанот „Ча-ча“, Вистина.мк во една прилика за Гаџа напиша дека го изјавил следново:

„Решивме со моето семејство да отвориме ресторан во кој ќе има вкусна храна, пријатна атмосфера и супер услуга.

Пред неколку дена беше отварањето и си поминавме супер. Јас и покрај ова ќе си продолжам да си работам на мојата кариера, веќе имам подготвено неколку песни и само чекам вистинско време да бидат пуштени во етер“ – изјави Гаџа.

Инстаграм профилот на Адриан Гаџа е исполнет со негови фотофрафии, но понекогаш објавува слики само со една личност, а тоа е неговата мајка.

Гаџа меѓу своите последни објави, има слика како силно ја прегрнува својата мајка и во описот на сликата има ставено две ѕвездички, што значи, Адриан сака да каже дека таа е неговата светилка и водилка во неговиот живот.

Пред тоа, Гаџа објави видео како неговата мајка прави кадаиф кој изгледаше многу, многу вкусно, па пејачот има со што да се пофали. Од рацете на Сузана излегуваат совршени десерти, а Гаџа исто така дополни дека кадаифот е фамилијарен рецепт.

Претходна статијаНикола првпат проговори околу враќањето во Македонија!
Следна статијаОва е Маринела, лепотицата на внукот на Тоше, Кристијан (ФОТО)