Хрватската пејачка Ивана Банфиќ во деведесеттите беше популарна и атрактивна на овие простори. Нашата публика несомнено ја памти по дуетот со Дино Мерлин, а песната „Годинама“ беше хит со години.
Иако не ја интересираа скандали, една нејзина изјава се памети. На прашањето дали е навистина толку привлечна или тоа е дел од нејзиниот сценски имиџ, Ивана без двоумење одговорила:
“Бев с… машина, никако под пет пати на ден“.
На денс- сцената беше позната по хитовите „Шумица“, „Да му нисам дала“, „Цигарета“… имала по 150 закажани настапи годишно и никогаш не мирувала. Но, тогаш ѝ се случило нешто во животот. Најлошото. Следувал првиот брак, кој траел 12 години. Со Роберт Магиќ, кој бил нејзин менаџер, се развела спогодбено, пријателски.
-Од бракот научив како е кога во него ќе влезат и моите и неговите родители, а ќе излеземе ние. Ние се изгубивме некаде по пат…, рекла во една пригода.
Потоа следувала бор бата со зависноста од ал кохол. Ивана во 2005 година се пријавила во клиника за одвикнување. Со неа во тоа време постојано бил веќе поранешниот сопруг, кој ѝ пружил невидена поддршка. Победила. Им се посветила на студиите за интегративен терапевт.
Веќе долго не е дел од јавниот живот, раководи со школа за пеење.
Во тајност се венчала со продуцентот Круно Ладишиќ, долгогодишен познаник. Сакала да стане мајка, но првата бременост завршила со спонтан абортус. Втората бременост ја минала во кревет, за по девет месеци лежење на 39 години да го донесе на свет синот Јан.
Пред некое време, Ивана Банфиќ на свои 50 години ги воодушеви следбениците на Инстаграм со фотографија на која позира во сино бикини, од кое покажа дека е во форма.
„Гледам дека фотографиите во бикини се „ин“на социјалните мрежи“, напиша таа за објавата, а следбениците и поласкаа со коменарите на сметка на изгледот.
Пејачката Ивана Банфиќ сега ужива на село со сопругот Круно Ладишиќ и синот Јан.
Имено, тие живеат во куќата која ја наследил Круно, а пејачката истакнала дека не и е тешко да работи домаќински работи.
– Не е бајковито како што мислевме. Сакам да шетам по градината. Ме смирува. А тоа е ново искуство што го немав – изјави пејачката Ивана Банфиќ во емисијата „Здравје на квадрат“.
Таа рече и дека преселбата во селото Стара Дренчина, недалеку од Сисак, била одлична одлука.
-До таа одлука живеев само на високи потпетици 20 години, во тесни фустани, а бев сопственост на медиумите, и секогаш морав да бидам одлична, и морав да бидам убава – признала таа.
Ивана објасни дека не е важно дали е болна или не сака да прави ништо тој ден, таа мора да ја заврши задачата пред себе додека била во тие естрадни води.
– Одлучив. Јас сум убава и природна. Не ми требаат сите тие шминки за да бидам убава. Знаете кога се разубедив во тоа/ Кога го родив мојот син Јан. Тогаш почнав да се прашувам: Чекај сега! Има ли уште нешто? Зошто дојдовме овде на оваа планета, за да стекнеме какви искуства? – вели таа.