НЕ ЈА ГАЛЕЛ ЖИВОТОТ: Цеца завршила на операција, а јавноста многу малку знаела за тоа

0

Балканот последните неколку дена го ,,тресе” веста за раскинувањето на Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ. Тие неодамна ја потврдија веста за прекинување на нивната врска, но решиле да останат и понатаму во пријателски односи.

Очигледно е дека Цеца поминува низ долг и тежок период. Богдан на социјалните мрежи не ги тргнал нивните заеднички фотографии со фолк-ѕвездата. Тоа се фотките каде беа заедно во Кипар и оние кога беа со нивните пријатели на Копаоник.




Исто така, тие двајца и понатаму се следат на Инстаграм, што значи дека и понатаму се пријатели – пишува српски „Блиц“. Иако веќе не е со нивната мајка, Анастасија и Вељко продолжуваат да го следат Богдан на социјалните мрежи.

Богдан во меѓувреме се отселил од вилата на Цеца, а времето го поминува со својата ќерка.




Инаку тие двајца јавно не сакаа да коментираат за нивниот прекин, но заеднчки дадоа соопштение и со тоа потврдија дека раскиналe.

–Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот…

Додека Анастасија често можеше да се види во друштвото на Срејовиќ, било јасно дека тие двајца одлично се согласуваат и дека таа го прифатила. Меѓутоа, Вељко ги избегнувал средбите со него и избегнувал да дава изјави на таа тема.




Тој само еднаш, после запознавањето со Богдан за „Хит Информер“ изјавил дека го прифаќа изборот на Цеца.

Покрај тоа Цеца е многу загрижена за сообраќајната несреќа на нејзината ќерка Анастасија која се случи на 6 февруари. Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражњатовиќ кога тргнала на летот за Белград од Дубаи доживеала неc pеќа.




Имено, такси возилото во кое била со нејзината другарка се судрило со друг автомобил. Анастасија тргнала на летот за Белград, но таксистот неа и другарката ги однел на погрешен терминал.

Потоа успеале да најдат друго такси, но по пат таксистот направил сообраќајка, изјавил извор за српските медиуми. За среќа, Анастасија добро ја поминала незгодата и немало никакви последици. Таа дури и се пошегува на таа тема и изјави:




,,Пропуштен лет поради сплет на несреќни околности. Чекање 10 часа до следниот лет. Овој ретро Меркур ме зеза, напишала младата пејачка и додала:

Нема нешто што денес не ни се случи, но клучот е во тоа колку ќе останете позитивни дури и кога гледате о ган на се живо!”




Цеца во минатото имала големи проблеми со здравјето, за кои не секогаш ја информирала јавноста. Вчера од српските медиуми дојде веста дека Цеца завршила на опе рација.

Во 2013 година здравјето на Цеца Ражнатовиќ беше сериозно загро зено. Имено, фолк дивата еднаш доживеа тешка повреда на ‘рбетот, на која не обрнуваше многу внимание, а не само на настапите туку и дома продолжи да се движи во чевли со високи потпетици.




Занемарувањето на проблемите ја довело до многу поголем проблем, па во 2013 година морала да оди на опе рација.

Откако болките во грбот зачестиле, таа се обратила кај докторот, по чиј совет се согласила да интервенира во силиконските импланти во градите, кои дополнително ѝ вршеле притисок на ‘рбетот.

„Имав интервенција на градите која не беше само од естетски причини, туку пред се имаше здравствен карактер. Попатно ја коригирав и нивната големина, но приоритет ми беше здравјето“ изјави Цеца.




Таа стoички издржа се што и се случуваше на здравствениот план во тие денови.

,,Семејството и работата што ја работам ме одржаа и ме натераа да останам ментално силна. Основата од која човекот акумулира енергија и удобност е првенствено семејството, а јас сум многу среќна што ја работам најубавата работа на светот – музиката.

Мојата публика за мене секогаш е голема поддршка и во добро и во з ло“, рече тогаш таа.




Здравствената состојба на Цеца Ражнатовиќ сега е во одлична состојба, па ужива во настапите, но и како жири комисија на музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Неодамна со пријателите сподели слики од одморот на кој отиде веднаш по раскинувањето на врската со Богдан Срејовиќ.




Претходна статијаНаташа Беквалац си ја отвори душата и откри кој емотивен партнер не може да го заборави, САМО ТОЈ МЕ ФАСЦИНИРА
Следна статијаШЕТАМ НИЗ ГРАДИНАТА, ТОА МЕ СМИРУВА: Оваа пејачка од деведесеттите конечно живее смирено на ова место, ја истера дивината од себе