Цела година живее во хотел, има пари да го откупи, а не сака да слушне за стан: Жаре Бербер и Тијана на свадба кај црногорски тајкун

Жаре Бербер е еден од нашите најпознатри забавувачи. Познато е дека Жаре кога ќе влезе во кафеана или во клуб, сите се на нозе.




За тоа, заслужен и неговиот весел темперамент, но и песните кои ги бира, репертоарот кој е за сечиј вкус.

Во моментот кога беше заболен од вирусот, тој даде интервју за Вечер прес и раскажа како се справува во моментите за изолација.




-Јас една ваква и многу полоша самоизолација од 52 дена имав кога бев учесник во телевизиското реално шоу „Сурвајвр”. Таму условите за живот во џунглата беа барем едно пет пати полоши.

Дојдов до самосознание дека човекот е цврсто битие кое може да издржи многу пострашни работи, па ова што сега сум во домашна изолација не е ништо страшно.




Супер е, живи, здрави сме, а во овие досегашниве 22 дена изгледав толку многу филмчиња, па кога сетп ова ќе заврши нема да имам потреба да гледам филмови во наредните пет години (хахахахааа)“, рече тој за Вечер, а зборуваше и за својот карактер и стил.




За среќа, не се замарам со тоа како сум облечен, растоварен сум од тоа, па носам некои чудни парчиња гардероба што ги имам заборавено дека постојат. Секој ден ми е како маскенбал!




Кон сето ова се слуша музика од сите жанрови во зависност од расположението, а сите сме си фино расположени. Искрено кажано ми се пее онака како да сум на слава или на домашна журка со моите блиски луѓе кои се дел од мојот живот.




Всушност, имам претчувство дека Господ нè врати во прво одделение повторно да се ресетираме, да се преиспитаме кај сме, што сме, кого имаме околу нас, да се спуштиме на земја бидејќи летавме, да ја разбереме вредноста на животот…“.




Жаре во друштво на Тијана Дапчевиќ, нашинката која долги години живее во Белград, беа на свадба кај едне од најбогатите црногорци, Брацо Мирановиќ.

Мирановиќ, во бизнис круговите е познат по тоа што од 2007 година живее во хотели. Таков му е стилот, не сака станови, во хотел му е се средено, иако многу станови може да си дозволи да купи.




Мирановиќ речиси и да не славел Нова година во Европа. Досега, 7 пати бил во Домениканската република, 6 пати во Мексико, На Маурициус…

Парите ги има заработено до откако купил фирма за медицински помагала која одличмо му тргнала.




Добар дел од годината, тој го поминува живеејќи во луксузините црногороски хотелски комплекси “Сплендид“, „Свети Стефан“, како и во монденското летувалиште Милочер.

Кога не е на море, тој е на копно, во Белград, и повторно во хотел, и тоа хотелот „Хајат“.




Кога во луксузниот белградски хотел правеле листа на гости кои најчесто ги посетуваат, Мирановиќ е убедливо на првото место, вели нашиот извор.

А најинтересно од се е што тој имал храброст да го откачи Жељко Митровиќ. Кога газдата на ТВ Пинк му нудел 300.000 евра да влезе во реалното шоу Задруга, и тој одбил.




Свадбата очекувано била во хотелскиот комплекс Свети Стефан, и биле ангажирани токму Жаре Бербер и Тијана кои меѓудругите песни ја испеале и „Кад замиришу јорговани“.

Претходна статијаЛејла Рамковска отворено проговори со што се соочувала во минатото
Следна статијаСнеже Велков објави слика со „кралицата“, и потсети колку не била испочитувана (ФОТО)