Лејла Рамковска отворено проговори со што се соочувала во минатото

0

Лејла Рамковска, ќерката на некогашниот сопственик на телевизијата А1 Велија Рамковски, веќе неколку години назазад е позната јога инструкторка.




-Не постои група на луѓе за кои смее или не смее или не се препорачува да практикува јога. Секој може да практикува јога..

Само е важно да си го најдеш вистинскиот тип на јога кој што ти прилега на твојот карактер.




Кога би опишала што јогата направи за мене, со еден збор, тоа е трансформација- дефинитивно. Започнав на 30 години со јога. Тие што практикуваат кога знаат.

Не можев ни мост да направам, апсолутнио бев многу крута. И не само крута, туку немав ни снага.




Е сега тука е етој момент кога ќе се разочараш и егото ќе настапи и ќе прекинеш, ќе речеш- не е ова за мене.

Или малку ќе си дадеш шанса. Секогаш тоа им го кажувам на оние што ќе почнат кај мене на часови, да не очекуваат резултати веднаш.




Да си дадат едно време, барем од месец дена, чувството барем да го осетат, доброто чувство во телото“, рече таа во видео интервју за Точка.

-Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш…




Дали тоа ќе биде кон самоуништување, самосожалување и несреќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе во најдобрата верзија. Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас.




Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти. Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност, како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија…. Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе.




-Моето семејство е мојата најголема поддршка. Секоја позитивна промена секако е за поддршка. Благодарна сум им нив, благодарна сум и на Неда, мојата учителка.

Благодарна сум на сите предизвици во животот, кои ме донесоа на овој пат.

Од секоја ситуација можеш да излезеш како победник. Верувај во себе и секогаш, секогаш сакај“, има изјавено Рамковска во Женски магазин.




Таа даде интервју за Приказна.мк и раскажа каква била и што и се случувало пред јогата.

Со јога почнала откако и било дијагностицирано дека центарот за баланс и е нарушен, имала константни вртоглавици, дел од ст pес, дел од спондилоза и дискус…




Првично почнала со физикална терапија. Но, потоа ја заменила со јога во домашни услови и сфатила дека јогата и помага повеќе од сите терапии.

-Причините да почнам да се интересирам за јогата беа многубројни.




Од физички аспект имав проблеми со главоболки, со половината, со вратот, од пси хички аспект пак, почнав да се ослободувам од сите проблеми и блокади во човековото тело, кои влијаат на здравјето, вели во интервју за „Приказна“, Лејла Рамковска.

Претходна статијаСпоред Павел Глоба, овие 4 хороскопски знаци ќе пливаат во пари оваа есен
Следна статијаЦела година живее во хотел, има пари да го откупи, а не сака да слушне за стан: Жаре Бербер и Тијана на свадба кај црногорски тајкун