Познатата пејачка Елена Велевска, откако се разведе објасни дека е подготвена да се носи со сите падови и успеси и дека сигурно ѝ претстои многу подобар период и живот од оној што го имала.
– Да бев само јас во прашање знаев ова како да го направам многу безболно, но во прашање се трите мои деца кои што не сакам да читаат разни глупости, да подлегнуваат под стапиците што ги создава нивниот татко – вели Велевска.
Елена Велевска деновиве за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе се развела и дека нивните три деца Софија, Марко и Калија живеат во Охрид со нивниот татко.
Познатата фолкерка призна дека не живее со своите три деца Софија, Калија и Марко кои ги има од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески.
Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп.
„Не е ништо завршено со нашето судење, но за да не се прават стресови за децата, бидејќи се израснати во Охрид, секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив, бидејќи јас и сопругот повеќе не сме во прашање и функционираме подобро разведени, отколку во брак.
-Многу е тешко да наметнеш нешто ново, поинакво. Јас пред 15 години направив работи кои дотогаш никој не ги направил. Понудив нешто поинакво, од музика до видеоспот, песните кои ги промовирав во тоа време се слушаат до ден денес.
Сама си го наметнав тоа и така функционирам до ден денес, сакам да сум поинаква и јас сум сама на себеси конкуренција најголема, сакам од претходниот проект да сум подобра и ми успева, публиката го прифаќа тоа, а за мене тоа е најважно.
Ако работите со љубов, посветени сте, вложувате труд, успехот е загарантиран. Јас исто функционирам кога е мојата кариера во прашање од некогаш до ден денес, рече таа во Слободен печат.
Пред неколку години, македонската фолкерка стана ексклузивец на една од бугарските продукциски куќи и по тој повод гостуваше на бугарскиот канал Планета ТВ каде ја најави својата турнеја во Австралија.
Во разговорот Велевска напомена дека во Австралија многу се пее бугарската песна и бугарската музика а на прашањето на водителката да издвои кои се тие песни таа ги спомена Јовано Јованке, Ај кажи облаче ле бело, Хабиби, но и Черните очи која таа ги има вметнато во својот репертоар.
Во разговорот Велевска напомена дека во Австралија многу се пее бугарската песна и бугарската музика.
Елена Велевска на Инстаграм објави весело видео. Таа, завиткана во македонското знаме ја пее „Едно име имаме“ , а на нејзиниот настап се весели машко друштво додека Еленче им пее со мерак.