Рашела проговори дали е возможно резолуцијата да биде коригирана

0

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања барање на изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред денешниот настан „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Карпош, во врска со резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а која треба да се најде во Собрание на дневен ред.




Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.




– Колку што имам информација резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без изговори.




Очекувам да се надминеме себе си и да покажеме единство кое што мислам дека во периодот кој следи ќе ни биде многу значајно во процесот на отпочнување на преговори со ЕУ и тоа само ќе ги зајакне на позициите на Македонија како држава, потенцираше Мицкоски.




Резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ е креирана на таков начин за ниту еден граѓанин на Македонија нема да рече „не“ за оваа резолуција и ниту една политичка фигура нема да рече „не“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.




Мизрахи потенцираше дека Резолуцијата која е креирана од МАНУ, УКИМ и МПЦ зборува за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја и нема што да се коригира во неа.

Во однос на пописот таа истакна дека методологијата и натаму останува спорна точка да се дискутира бидејќи со неа се утврдуваат резидентните и нерезидентните граѓани.




– Законското решение кое беше понудено за пописот тоа беше нецелосно и се чекаше методологијата да надополни одредени прашалници кои останаа отворени во законот кои се однесуваа пред се на резидентно и нерезидентно население, а методологијата остана да биде и понатаму дискутирана




Секако дека и понатаму дека ќе се дискутира за методологијата, бидејќи истата претставува подзаконски акт што значи дека е менлива, рече Мизрахи.

Мизрахи се осврна и на Законот за државјанство каде што потенцираше дека доколку Македонија сака да биде дел од ЕУ, мора да се однесува така, а земји во ЕУ бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години.




– Оној закон за државјанство кој беше приложен во 2020 најверојатно ќе послужи како пандан за следното решение.

Во однос на текстот на законот има збир на небулози како на пример дека граѓаните ќе може да добијат државјанство согласно одреден елемент како што е завршена учебна година, а такви се и студентите кои биле на посета, такви небулози се работничка книшка, доказ за платена сметка.




Доколку одиме во ЕУ треба да видиме како функционираат другите држави во ЕУ, кои бараат за да добиете државјанство да бидете резидентен граѓанин од 8 до 10 години.

Претходна статијаОливера: Денес во автобус се молев дедото да не седне до мене – се срамам од помислата и извлеков голема поука
Следна статијаСоња: Маживе значи стварно знаат да бидат битанги, уште па и ако ја слуша мама…