Оливера: Денес во автобус се молев дедото да не седне до мене – се срамам од помислата и извлеков голема поука

0

Во денешното време, многумина го препознаваат како трка по пари, без емпатија и грижа за ближниот.




Пораката која ја добивме од наша читателка, нејзино лично доживување, решивме да ја објавиме, во насока на потсетување, дека околу нас живеат луѓе на кои им е потребно само малку внимание, убав збор и малку помош.




-Дедото со чаевите! Колку малку е потребно за да бидете среќни… Не е до тоа колку пари имате, или каква гардероба носите, верувајте не е…

Утрово во автобусот со кој одев накај работа, се качи еден постар човек и носеше неколку големи ќеси со чаеви, да си ги продава.




Во тој момент низ глава ми помина, само да не седне до мене, си признавам и се срамам од помислата… Беше облечен во стара и крпена гардероба и некоја капа која му го покриваше поголемиот дел од лицето…




Во животот немам видено таква искра во очите, таков жар, таква харизма… Лицето му беше целото збрчкано, но знаете какви брчки, оние кај очите кои се добиваат кога се смеете повеќе во животот не од оние “намуртените” брчки на сред чело…




Си започна муабет со една жена која седна до него и како едвај да чекаше да му прозбори и таа. Почна да и кажува како тој добро си заработува со продажбата на чаеви, тој беше толку горд, среќен, позитивен, исполнет.




Кога требаше да се симне, му понудив помош за ќесите, бидејки беа многу… Се насмевна и рече, “ааа не, ќе ми ги земеш хахаха, извини на шала девојче, се шалам.

Се насмеав и јас и му реков: Сите да си ги продадете, ми одговори “Да си ми жива и здрава!!”




И така, еден навидум обичен стар човек (од околу осумдесетина години), ќе ви посочи колку малку е потребно да бидете среќни.

НЕ материјално, туку духовно да бидете исполнети… Купувајте од овие стари луѓе што продаваат на минус 20 и плус 50 степени надвор, не само што на вас душата ќе ви биде полна, и на нив ке им помогнете.




На некои можеби тоа им е егзистенција, некои како овој дедо тоа го исполнува и го прави среќен, а најмногу од сѐ овие луѓенца шират позитивна енергија, зрачи љубов од нив… Токму тоа и ни е потребно во овие тешки времиња.




Можеби текстов е долг, многу од вас и нема да го прочитаат до крај, ама јас морав да го споделам, мене лично ми го разубави денот, едно прекрасно старо човече со искри во очите и жар во душата.




Обработи: П.П.   Фото: Илустрација и приватна архива

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаДо 15 август да се вратите од одмор – познатиот доктор, епидемиолог, ја растревожи јавноста во Словенија
Следна статијаРашела проговори дали е возможно резолуцијата да биде коригирана