Професорката Најчевска го прокоментира потегот на Талат Џафери

0

Настапот на Претседателот на Парламентот во кој говореше на Албански, ги разбранува политичките кругови во земјава.




Премиерот Зоран Заев очекува од спикерот Талат Џафери да зошто на една од трите сесии во Европскиот парламент говореше на албански јазик..

Тој вчера, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека претседателот на Собранието е еден од главните чувари на Уставот и очекува сите да бидат пример на негово почитување.




– Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик, испровоциран точно од некои поединци од соседна Бугарија коишто секако укажале дека ќе направат воедначување на нашите јазици кое што секако никако не е точно. Ние имаме слични, но различни и меѓународно признаени јазици, рече Заев.




Со свој коментар на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и професорката Мирјана Најчевска:

„Со тоа што Талат Џафери во улога на претседател на Собранието на Македонија, во меѓународен настап зборувал на албански, а не на македонски јазик тој ги прекршил одредбите на Уставот и на Законот за употреба на јазиците.




Според член 7 од Уставот: “На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.




Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.“

Тоа значи дека албанскиот јазик е службен само и единствено во рамките дадени во самиот член. Во членот 7 не се спомнува употреба на албанскиот јазик во меѓународни односи.




Според членот 1 од Законот за употреба на јазиците “На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.




Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.“

Тоа значи дека албанскиот јазик е службен само и единствено во рамките дадени во самиот закон. Во Законот за употреба на јазиците не се спомнува употреба на албанскиот јазик во меѓународни односи.




Уставниот суд и Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците, односно, Владата, треба да постапат во врска со ова прекршување на Уставот и на Законот.“

Претходна статијаПопуларниот актер Милош Биковиќ ужива на јахта, му се може со парите што ги заработува во Русија (ФОТО)
Следна статијаПо Германија и Австрија со најава за комплетно отворање