Популарниот актер Милош Биковиќ ужива на јахта, му се може со парите што ги заработува во Русија (ФОТО)

0

Актер Милош Биковиќ од Србија, е омилена на сите жени, а најактуелен на Балканот со хит серијата „Јужен ветар“.




Но, тој е еден од најплатените актери во Русија. Тој во интервју за тамошниот магазин „Esquire“ објасни детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот. Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.




Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога.




Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавот актер кој сега живее во Русија.

Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.

– Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариета тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.




Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.

– Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè.




Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот. Мојот брат го почувствува тоа- раскажа Биковиќ во интервјуто.




Тој откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски. Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.




Актерот Милош Биковиќ моментално го снима филмот „Буди Бог с нама“ во кој ја толкува главната улога, а партнерка е негоовата колешка Слобода Миќаловиќ. Сега тој покажа дека секогаш наоѓаат време за пауза и забава.




Имено, Биковиќ сподели фотографија од глисерот на својот Инстаграм, а екипата му правеше друштво за време на снимањето.

– Идеална пауза, напиша тој, а коментарите само доаѓаа. Фановите коментираа дека тој секогаш знае да го поминува секој слободен момент на вистински начин, а имаше многу коментари на руски јазик, што не е изненадувачки со оглед на тоа што Биковиќ е многу популарен во Русија и колку заработува.




Претходна статијаСУРОВО ИСКРЕН ГИНЕКОЛОГ: Жените, секој пат го прават ОВА КОГА ДОАЃААТ НА ПРЕГЛЕД, А НИЕ ТОА ГО МРAЗИМЕ
Следна статијаПрофесорката Најчевска го прокоментира потегот на Талат Џафери