Пред малку се огласи Слави Трифонов и проговори за изборниот ден

0

Во новиот бугарски парламент влегуваат истите шест партии како по гласањето во април, веројатно со ист распоред, само со малку изменета поддршка. ГЕРБ и БСП и натаму ја губат поддршката.




Доколку официјалните резултати бидат многу слични како и излезните анкети, тогаш Бугарија по неделните избори влегува во нов заплет во кој ќе биде многу комплицирано да се направи влада..




Излезните анкети на агенциите „Алфа рисрч“ и „Галуп“ покажуваат речиси исти резултати – шест политички формации влегуваат и во новиот парламент (како и во претходниот), само што има зголемување на бројот на гласовите на таканаречените протестни партии.




И според двете излезни анкети националистите од коалицијата „Бугарски патриоти“ се под прагот за влез во парламентот (четири отсто), па дури и со помалку гласови отколку на изборите во април.




Според излезната анкета на „Алфа рисрч“, ГЕРБ има 23,5 отсто, Има таков народ 22,3 отсто од гласовите. На третото и четвртото место со изедначен број гласови се Демократска Бугарија и Бугарската социјалистичка партија со 14,1 проценти.




Петта е партијата на Турците, ДПС, со 11,7 отсто а шеста Исправи се! Мутри надвор! со 5,3 отсто. Тричлената коалиција на патриотите околу ВМРО има 3,2 проценти.

Во излезната анкета на „Галуп“ ГЕРБ има 22,1, Има таков народ, 21,5, БСП 15,1, Демократска Бугарија 13,7, ДПС 12, а Исправи се! Мутри надвор 4,8 отсто.




Според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите, партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.




Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила. Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК.

„Има таков народ“ освоија 23,2 процента од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 отсто, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 отсто, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 процент. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во Парламентот.




Според Галуп, излезноста на изборите била 38,1 процент. Пред малку на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и Слави Трифонов:

„Денес беше добар ден за бугарската демократија, бидејќи ова беа најфер избори досега.




И не заради резултатот од „Има таков народ“, туку заради новите изборни правила, кои што го ограничија колку што е можно купениот глас, корпоративниот глас и манипулациите со „мр тв-ите души“.

Неверојатна е поддршката што ја доби „Има таков народ“. Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за нас.




Ние навистина ја цениме вашата доверба. Утре во 11 часот ќе објавам што ќе стори „Има таков народ“, напиша Трифунов на социјалните мрежи.“

Претходна статијаУтре убав и среќен ден, но не за сите – Дневен хороскоп
Следна статијаМери Јордановска: Одмараш и наеднаш слушаш звук, стакло ти лета во фаца, врз постелнина